Контакт

Спорт

Панчев: Во Вардар се случуваа чудни работи

Објавено пред

Дарко Панчев – европски првак со Црвена звезда и европска „Златна копачка“ – во интервју за „Вечерњи лист“, меѓу другото, проговорил и за периодот во кариерата кога бил спортски директор на Вардар. Најтрофејниот македонски клуб пред неколку сезони направи вистинска сензација кога преку Фенербахче избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Панчев, кој заедно со поранешниот соиграч Илија Најдоски, бил доведен за да го подигне клубот на повисоко ниво, набргу по големиот успех, ја напуштил својата функција.

„Кога станува збор за Вардар, се случуваше нешто чудно. Јас и Илија Најдоски дојдовме во Вардар за да го подобриме квалитетот на тимот и да станеме конкурентни во Европа. Тоа набргу и ни успеа, направивме големо изненадување, го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари со пласманот во фазата по групи во Лига Европа. Очекувавме дека луѓето што го водеа клубот ќе инвестираат пари во трансфери на квалитетни фудбалери за Вардар да биде уште поконкурентен. За жал, се случи спротивното, наредната година воопшто немаше пари, се должеше кон сите, некои играчи си заминаа, не беа донесени адекватни замени и резултатите беа катастрофални. Јас и Најдоски видовме дека нема ништо од она што се договоривме на почетокот и поради тоа полека, полека се повлековме и повеќе не сме во Вардар. Зошто тоа било така, може да го објаснат луѓето што го водат клубот“, рекол Панчев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Аврамовски го држи Кајсериспор во елитата – денеска со две асистенции

Објавено пред

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски (26) е еден од најзаслужните за денешниот бод што турскиот тим на Кајсериспор го освои на домашен терен против екипата на Генчербирлиги – мечот заврши 2-2.

Аврамовски асистираше при двата погодока за својата екипа, во 39 минута одлично додаде до Педро Енрике за 1-0, а во 80 минута запиша нова асистенција до соиграчот Парлак за конечни 2-2.

Неговата екипа на 6 кола до крајот е на со +2 бода од екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.

Македонскиот играч од средниот ред сезонава има 19 настапи за турскиот тим, се уште без погодок.

Еве ја деталната статистика на Аврамовски по денешниот меч:

Графика: SofaScore за Топспорт.мк

Прикажи повеќе...

Спорт

На Зидан му фали „пола“ тим, против Кадиз ќе биде и без Модриќ

Објавено пред

Реал Мадрид утре му гостува на тимот на Кадиз во рамки на 31. коло од Ла лига. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан не може да смета на добар дел од стандардните фудбалери, а сега на листата отсутни се најде и Лука Модриќ.

Серхио Рамос, Лукас Васкез, Тони Крос, Феде Валверде и Еден Азар не конкурираат за овој меч поради повреди или болест, а францускиот стратег против тимот од долниот дел од табелата реши да настапи и без Хрватот.

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација почувствувал болка во грбот во текот на денешниот тренинг, јавуваат шпанските медиуми.

Добра вест за Реал е има повратници во тимот – се очекува настап на Рафаел Варан, Дани Карвахал, Начо Фернандес и Касемиро.

За овој меч Зизу повика и четворица фудбалери од Реал Мадрид Б – Виктор Чус, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Мигел Гутиерес.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гвардиола: Лига без испаѓање не е спорт – зошто го нема Ајакс, имаат 4 титули!

Објавено пред

Формирањето на фудбалската Суперлига го здрма фудбалскиот свет откако се открија детали за начинот на натпреварување, но и на финансирање.

Реакцијата на поголемиот дел од фудбалските навивачи беше бесна. Се очекуваше ставот на кормиларот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола затоа што „граѓаните“ се еден од основачите на Суперлигата.

Гвардиола признава дека лига без испаѓање не е спорт, но рече дека засега не е запознаен со деталите.

„Искрено, ние тренерите на овие екипи не сме вистинските луѓе кои треба да коментираме, затоа што само претседателот на тој комитет има јасна идеја за иднината на фудбалот. Јас можам да го дадам своето мислење. Не е спорт кога не постои однос помеѓу напорот и успехот. Не е спорт ако успехот е загарантиран и не е спорт ако не е битно дали победувате или губите. Би сакал претседателот на оваа група на целиот свет да му објасни зошто е ова направено. Не знам зошто се одбрани баш овие тимови, Ајакс има 4 титули шампион на Европа, каде се тиа“ – рече Гвардиола.

Шпанскиот тренер смета и дека „Не е фер еден тим да се бори да дојде до врвот и тогаш да не може да се пласира затоа што успехот им е загарантиран на неколку клубови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија3 часа

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија4 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија5 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет6 часа

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија7 часа

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија7 часа

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија7 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа8 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет9 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија11 час

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија22 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа22 часа

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија23 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа1 ден

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија1 ден

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија1 ден

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија1 ден

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија1 ден

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Досие