Контакт

Спорт

Пандев дел од елитата што ќе настапи на Евро 2020

Објавено пред

Европското првенство во фудбал ќе се одржи ова лето. Дел од најголемата континентална смотра ќе биде и Македонија. Предводена од Горан Пандев, Македонија ја победи Грузија во баражот и се избори за својот прв настап на големите натпреварувања.

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев е еден од оние играчи што ќе ќе играат на Евро 2020, а за националниот тим одиграл повеќе од 100 натпревари.

Во досегашната кариера Пандев одиграл 114 натпревари за Македонија.

„Толку долго е прва ѕвезда на својата земја. Се чини дека кариерата на Пандев достигнува крешендо од бајките, а на 37-годишна возраст се подготвува за својот прв голем турнир“, пишува на страницата на УЕФА во текстот во кој Европската куќа на фудбалот ги претстави фудбалерите што одиграле најмалку 100 натпревари за своите селекции, а ќе бидат учесници на ЕП.

Лидер на таа листа со 178 настапи е шпанскиот капитен Серхио Рамос, втор е Кристијано Роналдо со 170 настапи, трет Лука Модриќ со 133.

Во топ-10 се Жоао Мутињо (129), Марек Хамшик (126), Себастијан Ларсон (125), Јан Вертонген (123), Серхио Бускетс (120), Иго Љорис (120) и Роберт Левендовски (116).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

УЕФА и на Даблин му ја одзеде организацијата на ЕУРО

Објавено пред

УЕФА, вчера, му ја одзеде организацијата на ЕУРО 2020 на Билбао, а денеска истото го направи и со Даблин.

Билбао и Даблин беа меѓу 12. градови, кои УЕФА ги одбра да бидат домаќини на натпреварите на кои ќе се игра ЕУРО, кое требаше да се одржи минатата година. Првенството беше откажано поради пандемијата на коронавирусот.

Во меѓувреме, УЕФА, од организаторите, побара да потврдат, дека ова лето, ќе дозволат присуство на навивачи на натпреварите.

Билбао и Даблин не можеа да ги испочитуваат здравствените протоколи. Организацијата на натпреварите од Билбао ќе ја преземе Севилја, а се претпоставува дека натпреварите кои требаа да се играат во Даблин, ќе бидат префрлени во Лондон.

Оба значи дека ЕУРО ќе се игра во 11 градови, покрај Севилја и Лондон, тука се Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копемхаген, Рим, Глазгов, Санкт Петербург и Минхен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Суперлигата ја напушти и главниот финансиер

Објавено пред

Американската банка, Џеј-Пи Морган, едена од најмоќните финансиски институции во светот, се повлече од европската Суперлига.

„Очигледно е дека погрешно ја проценивме ситуацијата“, известиле од банкарскиот гигант, кој требаше да биде главниот финансиер на експресно пропадната Суперлига.

Њујорк тајмс, објави дека Џеј-Пи Морган, требаа да го финансираат проектот со 3,5 милиојарди евра. Секој од клубовите за влез во Суперлигата требало да добие по 350 милиони евра. Ова е четири пати поголема сума, од онаа што ја доби Баерн Минхен кога лани ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Европската Суперлига, во неделата, ја формираа три шпански (Реал, Атлетико, Барселона), три италијански (Јувентус, Интер, Милан) и шест англиски клуба (Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул).

Под притисок на навивачите, јавноста и некои Влади, најпрвин Суперлигата ја напуштија клубовите од Англија, а потоа истото го направија Милан, Атлетико и Интер.

Споменатите 12 клубови, заедно со уште три засега неименувани клуба, требаа да му се приклучат на проектот, со кој би управувале 15 клубови. Дополнителни пет клуба, според резултатите во националните првенства, би добиле покани да учествуваат во Суперлигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо сака да се врати во Манчестер јунајтед

Објавено пред

Кристијано Роналдо се наоѓал во искушение да се врати во својот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, пишува „Газета дело Спорт“. Според овој извор, тој бил подготвен во Јунајтед да игра за помала плата од онаа што ја заработува во Јувентус.

Кристијано Роналдо, во Јувентус, годишно заработува 31 милиони евра, но во Манчестер јунајтед би играл и за 20 милиони евра. Ова значи дека тој би се откажал од 11 милиони евра, бидејќи со Јувентус има договор и за наредната сезона.

„Газета дело Спорт“, пишува, дека Португалецот не бил среќен во Јувентус. Не му се допаѓале многу работи што се случиле во клубот, во последните 12 месеци. Сакал да се врати во Јунајтед, бидејќи неодамно менаџерот Оле Гунар Солскјер изјавил дека би сакал Роналдо да се врати на „Олд Трафорд“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија39 минути

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија60 минути

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион3 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија3 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија3 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа4 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет4 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион5 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет5 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија6 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија19 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ22 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија22 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион22 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија23 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ1 ден

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Досие