Спорт
Пандев ќе го продолжи договорот со Џенова
Горан Пандев ќе ја продолжи кариерата барем за уште една сезона. Играчот со најмногу настапи и најмногу голови за Македонија, се повлече од националниот тим, но се уште нема да се пензионира.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Пандев ќе ја прифати понудата на Џенова и ќе потпише едногодишен договор.
Според овој извор, тренерот на Џенова, Давиде Балардини, не сака да се откаже од услугите на 37-годишниот Македонец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA
Спорт
Португалец и Аргентинец го засилија нападот на Вест Хем
Вест Хем Јунајтед вложи 50 милиони евра во двајца напаѓачи, во обид да избори опстанок во Премиер лигата. „Чеканите“ се 18-ти на табелата, со 14 поени и само три победи во првите 20 натпревари.
Нови играчи на Вест Хем се Валентин Тати Кастељанос и Пабло Фелипе.
Трансферот на Кастељанос од Лацио ги чини „чеканите“ 29 милиони евра. Овој напаѓач е еден од ретките што испеал против Реал Мадрид да постигне четири гола. Тоа беше во периодот кога играше во Џирона.
Од Џирона се пресели во Лацио, каде не успеа да се наметне. На 98 натпреври за небесносините постигна само 22 гола.
Пабло Фелипе е 22-годишник кој пристигна од редовите на Жил Висенте. Со 10 гола во 13 натпревари, тој ги одведе до четвртото место во лигата, резултат што ги надмина сите очекувања.
Тимот од главниот град на Англија плати 23 милиони евра за португалскиот играч, што е висока цена за некој што постигнал само 15 гола во својата професионална кариера до оваа сезона.

