Спорт
Пандев остана без тренер, Андреацоли доби отказ во Џенова

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, остана без тренер во клубот во кој настапува, италијанска Џенова.
И официјално – Аурелио Андреацоли доби отказ на кормилото на клубот по разочарувачките резултати со клубот од југот на Италија. Челниците на Џенова се решија на најрадикалниот потег, промена на тренерот по 8 кола во Серија А.
Џенова од вкупно 24 бода на располагање на почетокот на сезоната, со Андреацоли на чело на клубот освои само 5 и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Италијанските медиуми шпекулираат со името на Тиего Мота како најсериозен кандидат за испразнетото место на клупата на Џенова.
Мота, кој е екссоиграч на Пандев од трофејната сезона на Интер, претстави револуционерна фудбалска формација 2-7-2, која се обиде да ја спроведе во младинскиот погон на ПСЖ.
Инаку, Мота е ексиграч на Барселона, Интер, Атлетико и на француски ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед тргнаа по потписот на Варан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер јунајтед. Варан покажал желба да замине од мадрид, а Јунајтед бараат партнер во одбраната за Хари Мегваер.
Реал, се свесни дека ќе останат без Варан и за него одредиле цена од 65 милиони евра. Јунајтед ќе се обидат да платат помалку, сопред „Дејли Мејл“, тие биле подготвени да платат 50 милиони евра за Варан.
Варан цела деценија е играч на Реал. Со клубот ги освоил сите клупски трофеи, а со Франција во 2018 стана светски првак.
Спорт
(Не)возможна мисија за Динамо кај Виљареал

Вечерва ќе бидат познати полу-финалните двојки во Лига Европа. Динамо Загреб, на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ќе гостуваа кај Виљареал. „Модрите“, имаат гол минус по првиот меч, одигран минатиот четврток во Загреб.
Манчестер јунајтед, против Гранада треба да го потврдат своето место во полу-финалето. „Црвените ѓаволи“, реваншот во кој се домаќини ќе го започнат со предност од два гола.
Тешка задача е пред фудбалерите на Ајакс, во Рим ќе ја бркаат предноста на Рома од 2:1.
Пред елиминација се наоѓа Арсенал. Славија во првиот меч успеа да остане непоразена (1.1), во Лондон.
Натпреварите ќе започнат во 21. часот.
Спорт
Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победи Мајами

Никола Јокиќ, со нов трипл-дабл, го предводеше Денвер Нагетс до победата над Мајами Хит 123:106.
Јокиќ, го забележа 15 трипл-дабл во сезоната, 56. во кариерата, натпреварот со Мајами го заврши со 17 поени, 10 скока и 11 асистенции. Српскиот центар успеа да забележи трипл-дабл, иако погоди само шест од 14 обиди од поле.
Сезонава повеќе трипл-дабл учиноци од Јокиќ забележал само Расел Вестбрук (23).
Денвер до триумфот, со кој ја прекинаа низата од два порази (Бостон и Голден стејт), го предводеа Мајкл Порттер јуниор со 25 поени и 10 скока, односно Џамајкл Грин со 17 поени.
Деневер се наоѓаат на четвртото место на Западот, додека Мајами се седми на Истокот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш