Спорт
Пандев: Разочаравме во септември, наместо девет освоивме само три бода

Горан Пандев по ЕУРО 2020 се повлече од националниот тим. Пандев, уште оваа сезона ќе ја одигра за Џенова и потоа ќе се пензионира.
Натпреварот против Холандија беше последен за него во репрезентацијата. Без него Македонија ремизираше во септемврискиот циклус, против Ерманија, Исланд и Романија. Два од овие три натпревари Македонија ќе играше на домашен терен, во Скопје.
„Постојат шанси за второто место во групата и пласман во баражот за светското првенство, но шансите ни се намалија бидеќи разочарувачки беа резултатите од последните натпревари. Од можните девет, освоивме три бода, а реално со овој тим требаше да ги освоиме сите бодови. Мислам дека сега се зависи од нас, со четири бода од наредните два натпревари ќе имаме шанси за второто место“, рекол Пандев.
Македонија, вечерва гостува во Лихтенштајн, а во понеделник ќе ја пречека Германија. Во март Македонија го шокираше светот со победата над Германија во Дуизбург (2:1). Пандев верува дека со трпелива, паметна и пожртвувана игра Македонија може уште еднаш да ја изненади Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Квитова го освои Мастерсот во Мајами

Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето ја совлада Елена Рибакина.
Во моментов 12. на ВТА листата до триумфот на Флорида стигна со резултат 7:6 (14), 6:2 по еден час и 42 минути игра.
Посебно драматичен беше првиот сет, кој беше решен по маратонски тај-брејк, во кој тенисерите влегоа по размена на брејкови во финишот.
Двете имаа по пет сет-топки, но Квитова беше таа која ја искористи својата и поведе во мечот.
На почетокот на вториот сет, во вториот гем, Квитова и го одзеде сервисот на својата ривалка, а со вториот брејк во овој сет, во осмиот гем, означи крај на мечот. Во вториот сет Квитова за уште еден степен го подогна нивото на подигна својата игра, одигра речиси без грешка. Во вториот сет направи само три неизнудени грешки, а имаше 12 винери,
Квитова на тој начин ја спречи Рибакина да го освои Мајами по Индијан Велс и да ја комплетира „Саншајн дабл“ турнејата.
Во машкото финале в недела од 19 часот се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.
Спорт
Убедлив триумф на Барселона во Елче

Фудбалерите на Барселона ја оправда фаворитската улога и славеа убедлива победа на гостувањето кај последно пласираниот тим во Примера, Елче. Барса во Елче победи со 4:0 и ја зголеми предноста во однос на реал на 15 бода. Реал утре ќе го одигра својот натпревар од ова коло.
Во комбиниран состав, со Ерик Гарсија на позицијата на која незаменлив е Серхио Бускетс, Барселона отпорот на домаќинот го скриши во 20.минута. Стрелец беше Левандовски.
Повеќе од половина час се чекаше на следниот гол. По критиките што ги упати таткото Фати кон тренерот Чави, неговиот син се најде во стратната постава и постигна гол во 56.минута.
10 минути подоцна Левеновски го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Феран Торес во 70.минута.
Спорт
Јувентус ја победи Верона

Јувентс потешко од очекувањата ја порази Верона со 1:0, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Стрелец на единствениот гол беше Мојс Кен.
Во 37. минута Јувентус ја погоди стативата преку Данило, а решавачкиот момент се случи во 56. минута.
Мануел Локатели одлично го одигра Кен, тој влета во вистинско време и рутински ја затресе мрежата на Верона.
До крајот на натпреварот по една добра шанса на двете страни.
Филипи Терачиано промаши за гостите во 83. минута, голманот Војичех Шченсни одлично реагираше, а четири минути подоцна не беше прецизен ниту Бремер на спротивната страна, шутираше високо над голот.
Јувентус се седми на табелата со 40 поени и со реални шанси и покрај казната да стигнат до четвртото место на табелата, додека Верона на 18. позиција има 19 поени.
Во следното коло Јувентус е домаќин на Лацио на 8 април, додека Верона истиот ден го пречекува Сасуоло.