Спорт
Папаниколау апсолутен рекордер на Олимпијакос

Капитенот на кошаркарите на Олипијакос, Костас Папаниколау, во поразот на својот тим во Мадрид, од Реал (89:77), испиша нова страница во клупската историја.
Папаниколау, против Реал го одигра 748-от натпревар во дресот на Олимпијакос. Тој стана играч со најмногу одиграни натпревари во дресот на Олимпијакос. На вечната листа мина уште една клупска легенда, Јоргос Принтезис.
Папаниколау има 370 настапи за Олимпијакос во Евролигата, 339 во грчкото првенство, 31 во грчкиот куп и осум во Суперкупот.
За време на неговиот мандат, 35-годишникот му помогна на клубот да освои две титули во Евролигата, пет титули во грчкото првенство и куп и четири титули во Суперкупот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен: 50-50 се моите шанси да ја освојам титулата

Макс Ферстапен победи на последните две трки во шампионатот на Формула 1 и ја намали разликата на 69 поени во однос на лидерот Оскар Пјастри, возач на Мекларен.
Двете победи на Холанѓанецот, повторно ја разгоре приказната за тоа дали, четирикратниот светски шампион би можел да влезе во борбата за титулата.
Кога беше прашан за тоа пред Големата награда на Сингапур, Макс имаше интересен одговор.
„Моите шанси се 50 проценти. Или ќе ја освојам или нема.“
Холанѓанецот славеше во Монца и Баку и се надева на слично сценарио во Сингапур.
„Тимот заврши одлична работа. Имам автомобил, кој повторно е конкурентен. Верувам дека можеме да постигнеме добар резултат во Сингапур“, рече Ферстапен.
Интересно е што и другите возачи беа прашани како ги гледаат шансите на Макс во борбата за возачите на Мекларен. Леклерк му даде 20 проценти, Алекс Албон 15, а Исак Хајар само 10 проценти шанси да ја одбрани титулата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Со Трионда ќе се игра Мундијалот во 2026 година

Официјачна промоција имаше топката што ќе се користи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Топката создадена од Адидас го симболизира единството на трите нации – САД, Канада и Мексико, домаќините на првенството, но исто така носи и важен технолошки исчекор.
Нејзиниот напреден сензор работи на фреквенција од 500 херци во секунда и ги евидентира сите детали од движењето во реално време.
Информациите се испраќаат до ВАР системот и се комбинираат со податоци за позициите на играчите, давајќи им на судиите поточни информации, што значи дека одлуките ќе се носат со поголем степен на сигурност.
Благодарение на оваа иновација, начинот на судење во најголемото фудбалско натпреварување би можел да се промени на подобро засекогаш.
Самото име Трионда е комбинација од зборовите „Три“ и „Онда“ (бран на шпански), што ја симболизира поврзаноста на трите нации преку спортот.
Секоја страна од топката ги носи боите на своите домаќини, црвена, зелена и сина, кои се спојуваат во центарот на панелот за да формираат триаголник, како симбол на единство и заедништво.
Дополнително, тука се и националните симболи на овие земји, ѕвездата за САД, јаворовиот лист за Канада и орелот за Мексико.
Мотивите се исто така врежани во релјеф на површината на топката, што придонесува за нејзиниот уникатен изглед и функционалност, а додавањето на златни детали е почит кон трофејот од Светското првенство.
Покрај дизајнот, Трионда се издвојува и по својата техничка конструкција. Составена е од четири панели со длабоки рабови и релјефни линии кои ја зголемуваат стабилноста и прецизноста во контролата на топката.
Спорт
Ливерпул ќе биде два месеци без Алисон

Фудбалерите на Ливерпул, влегуваат во серијата тешки натпревари, без голманот Алисон Бекер.
Бразилскиот голман се повреди во средата, во поразот од Галатасарај (1:0), во Лигата на шампионите.
Алисон се пожали на повреда на „задната ложа“. Според првичните информации тој ќе отсуствува до крајот на ноември.
Голманот ќе пропушти неколку важни натпревари во овој период, како што се дуелите со Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал во Лигата на шампионите.
Арне Слот сега ќе се потпира на Георги Мамардашвили. Голманот на репрезентацијата на Грузија, минатото лето беше купен од Валенсија за 30 милиони евра, а на „Енфилд“ пристигна ова лето.
Фото/ Принтскрин