Спорт
Пардју си замина од ЦСКА Софија откако на фудбалерите им биле фрлани банани

Британскиот тренер Алан Пардју си даде оставка од позицијата тренер и технички директор на бугарскиот клуб ЦСКА Софија откако навивачите на клубот фрлале банани кон своите црни фудбалери.
60-годишниот Пардју беше именуван за постојан тренер само пред 34 дена и планирал да продолжи со клубот по поразот во финалето на Бугарскиот куп од Левски Софија, но сега си заминува во знак на протест откако четири црни фудбалери биле мета на расистички навреди и кон нив биле фрлани банани на мечот о Ботев Пловдив. Пардју си заминува заедно со својот помошник Алекс Даер.
„Настаните пред и по мечот со Ботев не беа прифатливи за мене, за мојот асистент Даер и за нашите фудбалери. Малата група на организирани расистички фанови се обидоа да направат саботажа и не сакам да претставувам нив. Ова не е вистинскиот начин за ЦСКА бидејќи клубот заслужува повеќе. Сакам да се заблагодарам на сопствениците Гриша и Дани Ганчев за нивните напори да го водат клубот и покрај сите предизвици. За жал мојот пат тука завршува“, вели поранешниот менаџер на Вест хем и Кристал палас.
Пардју беше именуван за технички директор на клубот во ноември, по што од април го водеше тимот како тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Камбекот на Серена на Вимблдон заврши со пораз по тричасовна драма

Освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс се врати на својот омилен терен, „Централниот терен“ на Вимблдон, за во драматичен меч кој траеше повеќе од три часа да загуби со 7:5/1:6/7:6(10:6) од Французинката Хармони Тан, за да најави дека крајот на кариерата можеби е на повидок.
40-годишната Американка паузираше од тенисот речиси 12 месеци, по повредата која ја доби во првото коло на минатогодишниот Вимблдон против Алиаксандра Саснович, пред минатата недела да се врати во игра во двојки на подготвителниот турнир во Истбурн.
Против Тан, таа имаше лош почеток, губејќи на свој сервис во првиот гем, но потоа во променлива игра, таа направи два брејка, кои беа залудни и Французинката го освои првиот сет. Но, борбеноста на Американката најдобро се покажа во вториот сет, кога во маратонскиот гем од 15 минути направи брејк за 2:0 предност и потоа рутински го освои со 6:1.
И во третиот сет, Тан не се откажа, меѓутоа Серена стигна до клучниот брејк за 5:4 водство, за да сервира за победа, пред Тан да направи рибрејк и потоа да пропушти две меч топки, пред Вилијамс да примора тај-брејк, во кој имаше 4:0 предност, пред да и дозволи на Французинката да ја оствари својата најголема победа во кариерата.
Во второто коло влезе и грчкиот ас, Стефанос Циципас, кој го победи упорниот Швајцарец, Александер Ричард со 7:6(1)/6:3/5:7/6:4.
Спорт
Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во одлична борба го совлада најдобриот турски борач, Фејзула Актурк.
29-годишниот Нуров со овој успех го одбрани златниот медал од Медитеранские игри во 2018 во Тарагона, Шпанија, а во 2019 година беше и бронзен на Светското првенство во Казахстан.
Владимир Егоров, кој оваа година ја освои и европската титула во категоријата до 65 килограми, овојпат се задоволи со бронзениот медал, откако во борбата за третото место го совлада Алжирецот Абделхак Хербаче.
Спорт
Њукасл не застануваат – го потврдија трансферот на Ботман

Њукасл јунајтед продолжува со летните засилувања, откако потврдија дека се договориле за трансфер на холандскиот дефанзивец на Лил, Свен Ботман за 35 милиони фунти.
Ботман стана главна цел за засилување во одбраната на тимот на Еди Хау, и Њукасл успеаја да го победат Милан за неговиот потпис иако тој ги имаше договорено личните услови со италијанскиот шампион. Ова е трето засилување за Њукасл во преодниот рок, по голманот Ник Поуп и левиот бек Мет Таргет. Ботман потпиша петгодишен договор со Њукасл.
✍️ Newcastle United have agreed a deal in principle with LOSC Lille to sign Dutch defender Sven Botman for an undisclosed fee!
⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) June 28, 2022