Спорт
Пари и Перишиќ за Лукаку

Интер деновиве ќе ја испрати последната понуда до Манчестер Јунајтед за напаѓачот Ромелу Лукаку. Антонио Конте сака по секоја цена да го донесе Белгиецот во Интер. Тренерот на Интер беше заинтересиран за Лукаку и кога работеше во Челси, но тогаш Јунајтед ја доби трката.
Италијанските медиуми тврдат дека конечната понуда на Интер ќе биде 55 милиони евра и Иван Перишиќ. За Хрватскиот преоден рок Јунајтед се интересираше додека тренер таму беше Жозе Мурињо.
Конте го нуди Перишиќ бидејќи не се вклопувал во неговите планови. Тренерот сакал Хрватот да ја покрива цела лева страна, а кога му станало јасно дека тој е напаѓач решил да го искористи во одбид да го донесе Лукаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Оливера го продолжи договорот со Наполи

Фудбалерот на Наполи, Матијас Оливера денеска го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година.
Оливера одигра вкупно 90 натпревари за Наполи, за првиот тим дебитираше на 15 август 2022 година.
Уругвајскиот дефанзивец ги пропушти сите натпревари на Наполи во февруари поради повреда, а на теренот се врати на натпреварот против Интер, влегувајќи како замена за Леонардо Спинацола во 82. минута.
Оливера дојде во Наполи од Хетафе, а за репрезентацијата на Уругвај има одиграно 26 натпревари.
Спорт
Семедо се враќа во Бенфика

Спортската управа на Бенфика, според португалскиот весник „Рекорд“, сака да го врати Нелсон Семедо во клубот. Португалскиот репрезентативец, пред речиси осум години го напушти клубот кога се пресели во Барселона.
Семедо сега е фудбалер на Вулверхемптон, но неговиот договор, кој како што стојат работите нема да го продолжи, истекува на крајот од сезонат.
Александер Бах е повреден и Семедо би бил најадекватно решение на позицијата десен бек, сметаат челниците на лисабонскиот клуб.
Преговорите напредуваат и што е најважно, оптимизмот е во согласност со политиката на клубот за враќање на поранешните играчи.
Спорт
Прашање на ден е кога Саутемптон ќе го отпушти Јуриќ

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи.
Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор.
На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа со Јуриќ, против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона,
Јуриќ има клаузула во договорот што му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет со тренерот на Шефилд Венздеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но во тоа време Саутемптон имаше проблем со откупната клаузула во договорот на Рол.
Дополнителен проблем за Јуриќ е тоа што не успеа да изгради добри односи со играчи кои или не ја разбираат или не сакаат да ја разберат неговата филозофија, како и заладените односи со неколку неименувани играчи.