Спорт
Паркмент го изненади Холовеј на 110 метри со пречки
Ханс Паркмент од Јамајка победи во трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Атлетичарот од Јамајка до најсјаното одличие дојде во конкуренција на големиот фаворит Грент Холовеј од САД.
Паркмент трката ја заврши со време 13.04 секунди. Холовеј направи грешка меѓу претпоследната и последната пречка и мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Американецот во целта имаше време 13.09 секунди, за една стотинка беше побрз од вториот атлетичар од Јамајка, Роналд Леви, кој го освои бронзениот медал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.