Спорт
Парма ремизираше со лидерот, половина час за Горан Пандев

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра околу половина час за тимот на Парма во ремито без голови против лидерот на табелата во Серија Б, Лече. Пандев доби шанса во 57.минута на местото на Тутино, но не успеа да помогне за евентуален триумф на „млекарите“.
По ова реми, Парма се наоѓа на 13. место со 39 бода, девет помалку од осмопласираниот Фросиноне кој е на позиција која води во доигрување за пласман во Серија А. До крајот на шампионатот има уште седум кола.
Лече по нерешениот резултат ја загуби лидерската позиција која сега и припаѓа на Монца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Епска победа на Алкараз по четири и пол часа на Ролан Гарос

Новата шпанска тениска надеж Карлос Алкараз го „преживеа“ второто коло на Ролан Гарос, откако во епска битка од 4 часа и 34 минути, на крајот беше подобар од својот сонародник, Алберт Рамос-Вињолас, враќајќи се за 6:1/6:7(7)/5:7/7:6(2)/6:4 победа.
19-годишниот Алкараз се смета за најсериозен ривал на ветераните Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал за титулата од Париз, откако оваа година имаше блескав скок во топ 10 во машкиот тенис, освојувајќи ги титулите во Рио во февруари и Мастерс 1000 трофеите од Мајами и Барселона.
Во најдолгиот меч во својата кариера, шестиот носител спаси меч-топка на 4:5 во четвртиот сет, по што во одлучувачкиот сет губеше со 3:0, пред да се врати за неверојатна победа.
Следен за Алкараз е подобриот од мечот помеѓу Себастијан Корда и Ришар Гаске, а тинејџерот може да се сретне со носителот на титулата, Ѓоковиќ, веќе во четврт-финалето, и со легендата на Ролан Гарос, Надал во полуфиналето.
Спорт
Бекер префрлен во затвор за странци, му следува депортирање од Британија

Германската тениска легенда, Борис Бекер е префрлен во затвор за странци, што е сигнал дека ќе биде депортиран од Обединетото Кралство по отслужување на затворската казна, тврдат британските медиуми.
Бекер доби затворска казна од две и пол години во април откако беше прогласен за виновен за прикривање на 2.5 милиони фунти за да избегнеда плати долг откако прогласи банкрот. Германецот првично беше испратен во затвор од „категорија Б“ во Вендсворт, но според „Тајмс“, сега ќе биде префрлен во „затвор од категорија Ц“ во Хантеркомб. Ова значи дека иако се работи за затвор со помало обезбедување, во Хантеркомб од 2021 се затвораат само странски државјани.
54-годишниот Бекер живее во Британија од 2012 година, но според „Тајмс“, никогаш не добил британско државјанство, поради што е „квалификуван“ за автоматско депортирање бидејќи добил казна подолга од 12 месеци.
Спорт
Тебас: Ал-Хелаифи е „човек со многу шапки“, ПСЖ ја убива француската лига

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, продолжи со војната на зборови со Пари Сен-Жермен и нивниот претседател Насер Ал-Хелаифи, посочувајќи дека се работи за човек со „многу конфликти на интереси“ и објаснувајќи дека ПСЖ ја „убива“ француската лига, а УЕФА не презема ништо.
По одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, Тебас ги пријави ПСЖ до УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј и сега уште еднаш побара да се преземат активности против францускиот клуб.
„Насер Ал-Хелаифи е претседател на ПСЖ, претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), член на извршниот комитет на УЕФА и претседател на ‘БеИН спортс’, една од најголемите ТВ-компании на светот која купува ТВ-права во фудбалот. Тој е човек со многу шапки, тука има премногу конфликти на интереси кои не смеат да постојат во 2022. Еден човек не може да биде во сите овие организации и да води ТВ-канал кој купува права за Ла лига, Лигата на шампиони, репрезентативните мечеви. Ќе поднесеме формална жалб до УЕФА оваа недела, но и тужба во Франција и уште една пред ЕУ во Брисел. Ќе видиме и за во Швајцарија“, најави Тебас.
Тој повторно ги критикуваше ПСЖ и Манчестер сити за прекршување на финансискиот ферплеј.
„ПСЖ ја убива француската лига. Има правила на УЕФА за да се спречат такви ситуации, но ако не дојде до тоа, ПСЖ ќе ја убие лигата. Меси дојде во ПСЖ и француската лига доби 70 милиони евра од меѓународните ТВ-права, додека ние добиваме 900 милиони евра без Меси и без Кристијано Роналдо“, посочи Тебас.
Ал-Хелаифи: Во Шпанија се љубоморни бидејќи француската лига е посилна