Спорт
Парондо се врати во клупскиот ракомет
Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Прондо, повторно ќе работи во клупскиот ракомет. Парондо најде работа во Бундеслигата, во Мелсуген. Шпанецот покрај во клубот ќе работи и во репрезентацијата на Египет.
Прондо, со Вардар во 2019 година, ја освои Лигата на шампиони. Тој пред две години стана селектор на Египет. Со „фараоните“, летово го освои четвртото место на Олимписките игри во Токио. Во борбата за бронзата Египет загуби од Шпанија 31:33.
41-годишниот тренер се договорил со челниците на Ракометниот сојуз на Египет, да ја предводи репрезентација на Африканскиот куп во јануари наредната година, а потоа ќе разговара за понатамошната иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кејн мала предност во финалето му дава на ПСЖ
По два спектакуларни натпревари, Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Актуелните шампиони, играчите на ПСЖ беа подобри од Баварците.
Хари Кејн го постигна единствениот гол за Германците во реваншот, но со дефицит од 5:4 од првиот натпревар, нерешениот резултат не беше доволен за пласман во финалето.
Кејн откри кого го гледа како победник на Лигата на шампионите оваа сезона.
„Според мене, ПСЖ се мали фаворити во финалето“, изјави Кејн за германскиот „Скај спортс“.
Кејн има фантастична сезона, постигна 55- голови во 48 натпревари оваа сезона за Баерн. И тоа е причината зошто овој пораз тешко му падна.
„Тешко е. Имавме доволно можности да влеземе во финалето. Сега мојот фокус е на финалето на Купот на Германија. Имаме шанса да ја освоиме двојната круна“, рече англискиот напаѓач.
На прашањето дали ќе го гледа финалето, поранешниот напаѓач на Тотенхем вели:
„Не знам, зависи од тоа каде ќе бидам. Во моментов сум разочаран.“
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај на „Пушкаш Арена“ во Будумпешта, од 18:00 часот. ПСЖ ќе се бори за втора последователна европска титула, додека Арсенал ќе се обиде прв пат да го освои овој трофеј.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам
На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот тим.
За потсетување, легендарниот напаѓач, реши да се пензинира од националниот тим, во септември 2024 година, по недоразбирањата со селекторот Марсело Биелса.
Пред повеќе од 18 месеци, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во тимот и дека се однесува ладно кон играчите.
„Тогаш кажав некои работи што не требаше да ги кажам. Мора да бидете способни да ги признаете своите грешки, за мене тоа сега е минато. Ако мојата земја има потреба од мене, никогаш нема да кажам не. Додека сум активен, ќе бидам достапен“, рече поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами.
За време на својата богата кариера, Суарез одигра 143 натпревари за репрезентацијата и постигна рекордни 69 гола. Пред 15 години, тој го освои првенството на Јужна Америка со Уругвај, а беше учесник и на четири светски првенства, па годинашното, доколку сегашниот селектор на Уругвај Биелса го врати во составот, би му било петто.
Светското првенство се игра од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а Уругвај влегува во него од групата Х, каде противници ќе му бидат репрезентациите на Шпанија, Зелено’ртските острови и Саудиска Арабија.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Лазаров го објави списокот за баражот против Словачка
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Првиот меч помеѓу Словачка и Македонија ќе се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е три дена подоцна во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 10 мај.

Извор и фото/ macedoniahandball.com.mk
