Спорт
Партизан победник на куп-финалето против Црвена Звезда во Ниш (видео)

Кошаркарите на белградски Партизан го освоија српскиот кошаркарски куп „Куп на Радивое Кораќ“ по победата над вечниот ривал, Црвена Звезда со резултат 76:74.
Натпреварот кој се одигра во салата „Чаир“ во Ниш беше решен со слободни фрлања во последните стотинки од мечот, по што трофејот повторно е „црно-бел“.
Партизан на полувремето имаше предност од четири поени, 37-33. Сепак вистинските возбудувања дојдоа во финишот на мечот.
Партизан водеше со 74:72. Звезда израмни на 74:74.
Партизан имаше само 2 секунди за напад. Ландејл беше фаулиран со звукот на сирената, по што Партизан ги искористи „пеналите“ за нов трофеј.
Најефикасни кај Партизан беа Ренфроу и Ландејл со по 18 поени, а кај Звезда најдобар поединец беше Били Барон со 18 поени.
Погледнете го последниот напад на Партизан:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Деби гол на Исак, гол и црвен картон за Екетике

Третото коло во Лига купот на Англија го обележа со дуел помеѓу Ливерпул и Саутемптон. Ливерпул повторно победи со гол во последните минути (2:1). Натпреварот го обележа неверојатниот потег на Уго Екитике.
Арне Слот го одигра овој натпревар со комбиниран состав.
Најновото засилување на „Црвените“, Александар Исак, го постигна деби голот за Ливерпул, со што му донесе водство на својот тим во 43-та минута. Сепак, гостите од Чемпионшип не се предадоа, па успеаја да израмнат во 76-та минута и да внесат драма на „Енфилд“.
🚨🏴 ALEXANDER ISAK OPENS THE SCORING FOR LIVERPOOL!
Liverpool 1-0 Southampton.pic.twitter.com/xWmy8csbHJ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 23, 2025
Во 85-та минута, Екетике постигна гол за 2:1, а потоа го соблече дресот во знак на прослава и доби втор жолт, односно црвен картон. Ливерпул успеа да издржи до крајот дури и со еден играч помалку и се квалификуваше во осминафиналето од Лига купот.
🚨🏴 HUGO EKITIKE GIVES LIVERPOOL THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Liverpool 2-1 Southampton.pic.twitter.com/JZhokWg4Q6
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 23, 2025
Резултати:
Барнсли – Брајтон 0:6
Барнли – Кардиф 1:2
Фулам – Кембриџ 1:0
Линколн – Челзи 1:2
Виган – Викомб 0:2
Вулверхемптон – Евертон 2:0
Рекшам – Рединг 2:0
Спорт
(Видео) Хаос во центарот на Белград – Навивач на Селтик заврши во болница

Во текот на ноќта, во центарот на Белград се случила општа тепачка, а еден навивач на Селтик бил итно префрлен во Ургентниот центар.
Како што дознава српски „Телеграф“, тој има повреди на главата. Во едно од кафулињата, навивачите на Црвена звезда нападнале гостински навивачи и во еден момент не било познато кој кого удира, според еден од очевидците од местото на настанот.
Се додава дека претходно избувнала расправија, а потоа сè кулминирало и настанал тотален хаос.
Навивачите избегале пред да пристигне полицијата.
Спорт
Градските власти не и дозволуваат на Барселона да се врати на „Камп Ноу“

„Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реконструкција, а Барселона упорно најавува дека нејзините играчи наскоро повторно ќе играат во својот дом. Барем засега тоа сè уште не е можно.
Градските власти на Барселона потврдија во вторникот дека „Камп Ноу“, дури и со ограничен капацитет, не е подготвен за враќање на навивачите, објавува „Мундо депортиво“.
Клубот планираше да биде домаќин на околу 27.000 гледачи во недела против Реал Сосиедад, но општината сè уште одбива да ги издаде потребните дозволи од безбедносни причини.
Како и во претходните две сезони, Барселона ќе биде домаќин на Олимпискиот стадион во Монжуик, а Пари Сен Жермен исто така ќе гостува таму во второто коло од Лигата на шампионите на 1 октомври.
Во првите 24 часа, 25.533 од оние што иматле сезонски билети за претходните две сезони ќе имаат предност при купувањето билети за натпреварот против Сосиедад. Нивните цени ќе бидат помеѓу 11 и 37 евра.
Цената на целата реконструкција на „Камп Ноу“ се проценува на 1,5 милијарди евра, а капацитетот на реновираниот стадион ќе биде 105.000 седишта, што го прави најголем во Европа.