Спорт
Пау Гасол ќе ги предводи Шпанците во Токио

Селекторот на шпанската репрезентација, Серџо Скариоло, го објави списокот од 18 играчи на кои смета за олимпискиот турнир во Токио. Шпанија на Олимписките игри ќе ги предводи ветеранот Пау Гасол.
Скариоло, кој вчера беше промовиран во тренер на Виртус Болоња, испрати повик до осум играчи кои го освоија златниот медал на Светското првенство во Кина. На списокот се: Рики Рубио, Серхио Љуљ, Руди Фернандез, Виктор Клавер, Хунчо Ернангомез, Вили Ернангомез, Мар и Пау Гасол.
Селекторот во националниот тим го врати Серхио Чачо Родригез и Алекс Абринес. Прв пат повик во репрезентацијата добија Усман Гаруба и Серџи Мартинез.
Спиското го комплетираат Алберто Абалде, Карлос Алосен, Дарио Брусуела, Себас Саис и Чаби Лопез-Аростеги.
Шпанците подготовките ќе ги започнат на 25.јуни во Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клоп: Вирц ќе покаже дека е неверојатен талент

Ливерпул не игра добро оваа сезона без оглед на инвестицијата од 500 милиони евра во засилувања. „Црвените“ се во серија од четири порази, што им се случува прв пат по ноември 2014 година.
По поразот од Манчестер Јунајтед (1:2) на „Енфилд“, менаџерот Арне Слот ја презеде вината врз себе, но Флоријан Вирц трпи најмногу критики од медиумите.
Германскиот ас платен за 125 милиони евра, засега не успеа да покажа ништо. Нема голови, забележа една асистенција (Комјунити Шилдс) на 11 натпревари. Билансот на Александар Исак е нешто подобар, кој постигна гол и една асистенција на шест натпревари, а беше платен за рекордни 145 милиони евра.
„Ќе ги изедете сопствените критички зборови ако продолжите да зборувате против Вирц. Тој е неверојатен талент и ќе го докаже тоа“, изјави поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Спорт
Најдобриот во светот се врати во тимот на ПСЖ

Усман Дембеле од Пари Сен Жермен се врати во тимот по неколку недели отсуство поради повреда на бутниот мускул и ќе биде достапен за натпреварот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Дембеле се повреди во септември, кога беше со француската репрезентација, а за време на паузата престојуваше во специјализирана клиника во Доха (Катар), каде што беше подложен на терапија.
Последниот натпревар за клубот го одигра на 30 август против Тулуз, кога постигна два гола и една асистенција (6:3).
Оваа сезона, тој играше и против Анже и Нант, односно Тотенхем во Суперкупот на Европа.
Францускиот фудбалер се врати на тренинзите со тимот минатата недела, но не беше во составот за првенствениот натпревар против Стразбур (3:3).
За потсетување, тој во меѓувреме ја освои и „Златната топка“.
Foto/ EPA
Спорт
Карагер: Време е Салах да седне на клупата за резерви

Алармот е силно вклучен во црвениот дел на Ливерпул. Актуелниот шампион минува низ криза, во каква што не бил од ноември 2013 година. Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази, три од нив се во Премиер лигата (Кристал Палас, Челзи, Манчестер јунајтед).
Ливерпул, вчера доживеа пораз на домашен терен од Манчестер јунајтед (1:2). Тимот кој минатата сезона супериорно ја освои титулата, на почетокот на новата не личи на себе и покрај тоа што челниците вложија 500 милиони евра во нови играчи.
Проблемите се евидентни, особено во одбраната, но се чини дека најгорливиот проблем е првиот стрелец, Мохамед Салах. Египѓанецот е во ужасна форма, не успева да направи разлика на теренот. Токму тој е означен како еден од виновниците за лошите реузлтати.
„Ливерпул има два гостувања, Лигата на шампионите против Франкфурт, а потоа оди кај Брентфорд. Мислам дека Салах не треба да ги започне двата натпревари“, изјави аналитичарот, инаку поранешен капитен на Ливерпул, Џејми Карагер за „Скај Спортс“.
„Тој секогаш треба да биде стартер на „Енфилд“, бидејќи Ливерпул ќе биде на врвот, на работ од шеснаесетникот, а денес постигнува голови почесто во такви ситуации. Но, мислам дека во гостувањата Салах не треба да биде стартер на секој натпревар, со оглед на формата во која се наоѓа. Мора да играат Исак и Вирц бидејќи потрошија многу пари на нив“, рече Карагер.
Ливерпул е четврти во лигата со 15 бода од осум натпревари, четири зад лидерот Арсенал.
Foto/ EPA