Спорт
Паунд не верува дека ќе се одржат ОИ во Токио

Дик Паунд, еден од највлијателните членови на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), под знак прашалник го ставил одржувањето на Олимписките игри во Токио. Најголемата смотра на светскиот спорт треба да се одржи од 23.јуни до 8.август.
„Не сум сигурен дека Игрите ќе се одржат, вирусот се повеќе се шири. Гледате дека во Токио е прогласена вонредна состојба. Во целиот свет состојбата е алармантна. Слонот во собата е се поголем и на знам како да го запреме“, сликовито ја опишал ситуацијата Паунд.
Олимписките игри во Токио, првично требаше да се одржат од 24.јули до 9.август 2020 година, но беа одложени поради пандемијата. Сега најновите анкети во Јапонија, покажуваат дека дури 63 отсто од испитаниците, сметаат дека Игрите треба или повторно да бидеат одложени или воопшто да не се одржат.
Во јапонската престолнина, во четвртокот, биле регистрирани нови 2.447 заразени со вирусот Ковид-19, што е за 50 отсто повеќе од претходниот ден.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија, од последици на коронавирусот починале 3.500 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фановите на ПСЖ ја нарекоа Шакира проститутка

Колумбиската поп-дива Шакира беше цел на навивачите на Пари Сен-Жермен пред реваншот од осмина-финалето на Лигата на шампионите против Барселона, каде што игра нејзиниот сопруг Жерард Пике.
Ултрасите на ПСЖ се пофалија со неколку фотографии од подготовките за мечот (на кој нема да може да присуствуваат), и покрај навредите за Барселона, на еден банер пишуваше: Shakira a la Jonquera во гратчето Жонкера на границата помеѓу Шпанија и Франција, познато по проституцијата.
И тоа пред 8 Март, Денот на жената.
-Paris ville lumière, faites briller nos couleurs
-Barcelona no bienvenido
-Shakira à la jonquera
-L’Europe à genoux, tout Paris debout07/03/2021#psgbarça #putabarca pic.twitter.com/zS6a17Yi1J
— Paname-ReBirth (@PanameReBirth) March 7, 2021
Спорт
50 години од мечот на столетието меѓу Али и Фрејзер

Пред точно половина век, на 8 март 1971 година, во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се одржа боксерскиот меч што ќе остане запаметен како меч на столетието, пресметката на двајца боксери во тешка категорија, кои немаа пораз и кои беа на спротивните страни во поделените САД за време на војната на Виетнам и владеењето на Ричард Никсон.
Мухамед Али (31-0) против Џо Фрејзер (26-0) во време кога боксот привлекуваше повеќе внимание од американскиот фудбал и кошарката во Америка.
Од едната страна беше ѕвездата Мухамед Али. Освои златен медал на Олимпијадата во Рим во 1960, го смени името од Касиус Клеј, го победи Сони Листон двапати, а потоа влезе во конфликт со американската држава кога во 1967 година го регрутираа за војната во Виетнам и тој одби со зборовите: „Немам караница со Виет Конг“. Тој, дефинитивно, беше бунтовникот.
Од другата страна беше Фрејзер, 12-тото дете на фармер од Јужна Каролина, работејќи на плантажа, каде што пред стотина години работеа робовите, пред да избега во Филаделфија, градот полн со боксерски сали за вежбање. Тој беше оригиналниот Роки – работеше во месарници, удираше месо и трчаше по скалите, нешто што Силверстер Сталоне ќе го прикаже на филм. И покрај своето потекло, тој беше прикажуван како дел од естаблишментот поради неговите врски со боксерските менаџери.
Во рингот беше пеколно! И тоа во 15 рунди. Мечот не е класика без причина, а особено последната 15-та рунда, во која Фрејзер го прати Али на подот и иако стана по три секунди, мечот беше готов.
Ова беше само почеток на лутото ривалство меѓу двата боксера за што има снимено и документарни филмови и за тоа како Фрејзер никогаш не му простил на Али. Во 1974 година се одржа суперборбата два, а во 1975 година трилерот во Манила, два меча што ги доби Али.
Спорт
Тјери Анри: Во Арсенал би се вратил и тревата да ја косам

Тјери Анри признава дека не би пропуштил шанса да стане тренер на Арсенал во иднина посочувајќи дека толку го сака клубот од северен Лондон што би се вратил и да ја коси тревата на ‘Емиратите’“.
Легендарниот Французин во моментов е без работа откако си замина од МЛС клубот Монтреал Импакт и се врати во Лондон каде што живее неговото семејство. Во интервју за магазинот „Фор Фор Ту“, тој беше искрен.
„Слушајте, ако прашате навивач на Арсенал дали би сакал да стане тренер на Арсенал, ќе каже – да. Ако ги прашате дали сакааат да дадат гол за Арсенал, ќе кажат – да. Кога зборуваме така, тоа е утопија, а луѓето се занесуваат кога ќе кажам дека тоа е мојот клуб, кој го имам во крвта, чиј навивач сум. Така што, ако ме прашувате дали еден ден сакам да бидам тренер на Арсенал, тогаш – да. Или да бидам човекот што ги средува десовите, тогаш – да. Ако прашате дали би сакал да ја косам тревата на ‘Емиратите’, тогаш – да. Да, тоа се соништа. Но, ова е реалноста. Дали би сакал да бидам тренер на Арсенал? Да. Дали би сакал да одам во Барселона? Да. Дали би сакал да играм пак за Арсенал? Секако, но реалноста е дека не можам. Уште учам, сакам да бидам добар за тимовите каде што учам, а потоа времето ќе покаже“, вели Анри.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“