Спорт
Пављученкова против војната: Живеам во страв, но ќе го кажам тоа што го мислам
Руската тенисерка Анастасија Пављученкова ја критикуваше руската инвазија на Украина, велејќи дека „личните амбиции и политичките мотиви не оправдуваат насилство“, посочувајќи дека ќе секогаш ќе го каже тоа што го мисли.
„Играм тенис од моето детство, цел живот ја претставувам Русија. Ова е мојот дом и мојата земја. Но, сега живеам во страв, како многу мои пријатели и моето семејство. Но, не ми е страв да го кажам моето мислење. Јас сум против војната и насилството. Личните амбиции или политичките мотиви не оправдуваат насилство. Ова ја одзема иднината не само од нас, туку и од нашите деца. Збунета сум и не знам како да помогнам во оваа ситуација. Јас сум само спортист, тенисерка. Не сум политичар, јавна личност, немам искуство. Само можам јавно да не е согласам со овие одлуки и да зборувам отворено за нив. Сопрете го насилството, сопрете ја војната“, вели Пављученкова.
Таа не е првиот спортист од Русија која побара мир. Новиот светски број 1, Данил Медведев, изјави дека сака да промовира мир и дека не му е лесно кога ги слуша вестите, додека Андреј Рубљов минатата недела во Дубаи на камерата напиша: „Не за војната“.
— Anastasia Pavlyuchenkova (@NastiaPav) February 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.
Спорт
Арсенал го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот?
Арсенал, отворил преговори со Пари Сен Жермен во врска со францускиот репрезентативец Бредли Баркола, тврди шпански „Фихајес“. 23-годишникот се бори за место во тимот оваа сезона, бидејќи тренерот Луис Енрике го фаворизира напаѓачко трио Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича Кваратцкелиа.
Незадоволството на фудбалерот, дека најчесто натпреварите ги започнува како резерва, ги поттикна гласините дека Баркола би можел да го напушти клубот оваа година.
Лондонските „топџии“ наводно се подготвени да застанат во редот за неговиот потпис, а менаџерот Микел Артета го гледа како решение за напаѓачката линија на својот тим.
Баркола, кој е опишан како „суперѕвезда“, се смета за еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, а неговата ситуација во Париз го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Иако ПСЖ му понуди нов договор, се верува дека играчот е подготвен за нов предизвик за да игра поредовно и да го реализира својот целосен потенцијал.
Ова го натера Арсенал да го контактира францускиот клуб и да ја истражи можноста за трансфер што би можел да го сруши клупскиот рекорд. Парижаните наводно планираат да го освежат својот напад во текот на летото, и иако официјалниот став на клубот е дека Баркола не е на продажба, се верува дека дарежливата понуда, заедно со јасно изразената желба на играчот да си замине, би можела да го промени нивното мислење.
Арсенал моментално ги има Леандро Тросард, Букаја Сака, Нони Мадуеке, Габриел Мартинели и Еберечи Езе на крилата. Сепак, иднината на Мартинели во клубот е под знак прашалник, бидејќи Мадуеке и Сака ја претпочитаат десната страна, додека Езе е најкорисен кога игра во средниот ред.
Иако Артета има еден од најсилните тимови во светот, позицијата лево крило е сè уште област каде што тој сака дополнителен квалитет. Доаѓањето на Баркола би донело би создало совршена рамнотежа со брилијантниот Сака на десното крило. Таквиот напаѓачки арсенал би го направил клубот од северен Лондон сериозен кандидат во сите натпреварувања, вклучително и Лигата на шампионите.
Рекордниот трансфер Арсенал досега е Деклан Рајс, за кого на Вест Хем му беа платени 116 милиони евра, а се верува дека Баркола би можел да ја надмине таа сума.
Спорт
(Видео) Тим од шестата дивизија ги елиминираше шампионите на ФА Купот
Шестолигашот Маклсфилд, кој минатата сезона играше во седмиот ранг на англискиот фудбалски систем, го победи актуелниот освојувач на трофејот, Kристал Палас со 2:1 и го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.
Стрелците на головите Пол Досон и Исак Бакли беа хероите на домашниот тим.
Шпанецот Јереми Пино постигна утешен гол за гостите во 90-та минута од слободен удар. Премногу доцна за да се избегне срамот.
Триумфот на Маклсфилд добива дополнително значење кога ќе се земе предвид дека овој клуб банкротираше пред пет години.
Имено, откако Маклсфилд Таун влезе во стечак поради долгови во 2020 година, се реформираше и повторно почна да се натпреварува како ФК Маклсфилд.
Клубот започна од најниското ниво на натпреварувањето, од деветтата лига. Тие сега се во шестата дивизија и штотуку го елиминираа шампионот на ФА Купот, Кристал Палас, во третото коло.
Дефинитивно најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.

