Спорт
Павлов освои сребро на Светското првенство во Дубаи
Македонскиот репрезентативец во карате, Емил Павлов, освои сребро на Светското првенство во Дубаи, во категоријата до 67 килограми.
Павлов на патот до финалето ги победи Матеј Хомола (Словачка), Садридин Сајматов (Узбекистан-, Абдалах Хамат (Јордан), Али Елксави )Египет) и Маршал Тадиси (Унгарија).
Во финалето Павлов загуби од олимпискиот шампион, Да Коста од Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конте го сака Себаљос во Наполи
Фудбалскиот клуб Наполи размислува, во зимскиот преоден рок да донесе замена за Кевин Де Брујне, кој се повреди викендов во победата над Интер (3:1). Сигурно е дека Белгиецот ќе отсуствува до крајот на годината.
„Скај Спортс“, откри дека Антонио Конте сака да го зсили ередот за врска, во зимскиот преоден рок, бидејќи е јасно дека телото на Белгиецот повеќе не може да го издржи ова темпо.
Токму затоа Манчестер Сити одлучи да не му го продолжи договорот, бидејќи често се повредуваше во текот на последните две сезони.
Се чини дека Дани Себаљос е идеална цел, бидејќи Шпанецот не е во преден план и кај Чаби Алонсо. Тренерот на Реал, предност секогаш има дава на Орелјан Чуамени, Едуардо Камавинга, Феде Валверде, Арда Гулер и Џуд Белингам.
Себаљос одби да се врати во Бетис ова лето, веруваше дека ќе добие шанса од Алонсо, сега кога се увери дека тоа нема да се случи, можо е да се согласи да го напушти Мадрид.
Спорт
Сообраќајна несреќа кај Нови Сад, загина 16-годишен џудист на Партизан
Едно момче загина, додека неколку други се повредени во страшна несреќа што се случи во раните утрински часови на автопатот во близина на Нови Сад.
Kако што беше објавија српските медиуми, станува збор за млади џудисти на Партизан, кои се враќале од меѓународен натпревар во Азербејџан. Во раните утрински часови, комбе излетало од автопатот, при што загинало едно момче.
Според овие извори, две момчиња и возачот имаат тешки повреди и тие се префрлени на одделението за интензивна нега, во болницата во Нови Сад, додека другите патници се задржани во болница на набљудување.
Неофицијално, автомобилот со девојките бил пред комбето со момчињата. Групата млади спортисти со возачи и тренери направиле пауза само неколку минути пред несреќата. Според сведоците, возачот бил одморен. Сè уште не е познато зошто возачот ја изгубил контролата и излетал од патот.
Младите џудисти на натпреварот во Азербејџан освоиле четири медали.
Спорт
Лучано Спалети е новиот тренер на Јувентус
Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините.
Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите.
Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот.
Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација во јуни оваа година.
Претходно беше лут ривал на Јувентус, бидејќи го водеше Наполи до титулата во сезоната 2022/23. Спалети беше ривал на „старата дама“ и како тренер на Интер, од летото 2017 до летото 2019 година, а својот најголем белег го остави во Рома, која ја водеше во два наврати, од 2005 до 2009 година, а потоа од јануари 2016 до јуни 2017 година.
Спалети е големо име во италијанскиот фудбал, иако има освоено само едно Скудето со Наполи, со Рома двапати го освои Купот на Италија, како и Суперкупот. Најголемиот успех го постигна на клупата на руски Зенит, со кого беше шампион во 2010 и 2012 година.

