Спорт
Пеп продолжува: Сите сакаат Ливерпул да е шампион, ние сме аутсајдери последната деценија
Пеп Гвардиола повторно инсистира дека мнозинството англиски фудбалски фанови би сакале Ливерпул да ја освои титулата од Премиер лигата поради историјата на клубот посочувајќи дека неговиот Манчестер сити и покрај доминацијата е аутсајдер на деценијата.
Пред последното коло од Премиер лигата, Манчестер сити има само поен предност пред Ливерпул и во последното коло го пречекуваат Астон вила на Стивен Џерард, а Ливерпул игра со Вулверхемптон.
„Сигурен сум дека мојот англиски по 4,5 години не е доволно добар. Реков дека кога ќе стигнете до титулите, тимовите со поголема историја имаат повеќе навивачи. Тоа се случува и во Шпанија, и во Германија и во Италија. Ние сме аутсајдерите последнава деценија. Секако, сите луѓе не сакаат Ливерпул или ние да сме шампиони. Фановите на Ливерпул сакаат тие да се шампиони и иако не велам дека цела земја навива за Ливерпул, во основа тој е тимот со повеќе титули. Можеби грешам, но во сите земји има два или три тима за кои луѓето почесто навиваат. Ливерпул, Јунајтед и Арсенал имаат многу историја, ние сме нови“, објаснува Гвардиола.
“We are new outsiders in the last decade.”
Pep Guardiola insists more people want Liverpool to win the Premier League as they have a greater history of winning titles ? pic.twitter.com/Zo9PjUpAhI
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 20, 2022
Пеп одговара: Кој трошеше повеќе од Ливерпул во 70-тите и 80-тите? Или од Фергусон?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

