Спорт
Пеп тврди дека Сити нема да одат по Лео Меси: Мислевме дека ќе остане
Пеп Гвардиола тврди дека Манчестер сити не планираат да тргнат по Хери Кејн и по Лео Меси ова лето, по штрајкот на Англичанецот во Тотенхем и шокантниот излез на Меси од Барселона.
Иако веднаш шпекулациите ги поврзуваа Сити и Пари Сен-Жермен, како финансиски најмоќни клубови, по ловот на Меси, Гвардиола вели дека тоа не е планот.
„Потрошивме пари на Џек Грилиш и тој ќе го носи бројот 10. Сметавме дека Лео ќе остане и засега тој не е во нашите планови“, вели Гвардиола.
Вчера, додека траеше „распадот“ на односите Барселона-Меси, Сити потрошија 100 милиони фунти за англиски рекорд за Џек Грилиш од Барселона.
Околу Хери Кејн, тој беше подиректен, велејќи дека доколку Тотенхем се подготвени за разговор е можен договор, но дека нема да учествуваат во „ментални“ игри.
? “We were convinced Leo would continue with Barcelona so right now it’s not in our thoughts” – Pep Guardiola on if City will make a move for Messi. (Source: Football Daily) pic.twitter.com/Jj26iAm5Ct
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 6, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

