Спорт
Перо Антиќ и во наредните четири години ќе раководи со македонската кошарка
Перо Антиќ и во следните четири години ќе ја предводи македонската кошарка. На денешното Изборно собрание, досегашниот предводник на македонската кошарка, доби поддршка од 40 делегати на седницата на највисокото тело на КФСМ одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
„Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ветувам дека ќе работиме уште понапорно во периодот кој што следува. Веќе работиме на тоа да обезбедиме нови спонзори. Верувам дека ќе бидете пријатно изненадени, посебно прволигашите. Конечно, онака како што беше поставено во програмата, конечно ќе има спонзор на првата машка кошаркарска лига. Клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци. Но очекувам дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена. Уште еднаш голема благодарност до сите“, порача стариот и нов претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.
Тој го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор. Во наредниот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека, и членовите на ова тело по автоматизам, Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени, Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.
Собранието на федерација го изгласа и новиот Надзорен одбор кој ќе го сочинуваат Филип Гривчевски како претседател, и двајца членови, Душко Вељановски и Јанко Мишев.
Претходно на седницата, присутните делегати го прифатија извештајот за работата на федерацијата за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година, кој го презентираше генералниот секретар Владимир Георгиевски.
Спортскиот директор на националните тимови, Марјан Србиновски, пак ги запозна присутните делегати за сработеното во изминатиот период, во сите национални селекции. Во исто време, ги најави и следните репрезентативни активности, кои се во голем број во периодот кој е пред нас, а кои ќе кулминираат со организација на две Европски младински првенства, и настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 , но и во преткавлификациите за пласман на Олимписките Игри во Париз во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Затворена врата“ за Арсенал, нема понуда одличниот напаѓач што сакаат да го придобијат
Арсенал навистина сака на лето да доведе квалитетен напаѓач, а еден од играчите кои се на мета во преодниот рок е Александер Исак.
Овој фудбалер е член на Њукасл и според сите проценки така ќе остане и следната сезона.
Вредноста на Исак е огромна, според податоците на сајтот „Трансфермаркт“ неговата вредност е 70 милиони евра, а има договор до 2028 година и јасно е дека ќе биде исклучително тешко некој да го одземе од Њукасл.
Во просек постигнува гол на секои 114 минути во сите натпреварувања.
„Нема да ги продаваме нашите најдобри играчи. За нас е многу важно тоа, ако ги продадеме, тогаш одиме наназад. Тогаш мора да почнеме од почеток”, изјави Еди Хау, тренерот на Њукасл.
И се чини дека е во право…
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.