Спорт
Пешиќ останува селектор на Србија
Искусниот кошаркарски стручњак, Светислав Пешиќ, ќе остане селектор на Србија.
Трофејниот стручњак, кој неодамна ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри, има истечен договор, но тој ќе биде продолжен по изборот на нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Пешиќ неодамна имал средба со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ, при што двајцата договориле соработка во наредните години, пишува српскиот весник „Курир“.
Неодамна Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ разговараа за тоа како би било добро Светислав Пешиќ да остане на српската клупа, а се чини дека нивната желба ќе биде остварена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Перес сепак ќе остане во Ред Бул
Мексиканецот Серхио Перез сепак би можел да вози за тимот на Ред Бул и следната сезона.
Неговата иднина беше предмет на шпекулации во последните месеци, но како што објави „Марка“, тој потпишал неколку нови спонзорски договори за 2025 година.
Весникот додава дека добил зелено светло од тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер да започне со рекламирање за следната сезона. Наводно Перес со спонзорите кои доаѓаат со него на тимот годишно му носи 30 милиони евра.
Ова се јасни индикации дека тој би можел да го одработи договорот до крај, односно до завршувањето на сеозната 2025.
Инаку, Перес во текот на летото потпиша едногодишно продолжување на договорот.
„Оние кои го сметаат за отпишан ќе мора да почекаат уште малку бидејќи има договор до 2025 година. Доколку не се случи нешто непредвидено во последен момент (што не е невозможно во Ред Бул), се чини дека тој ќе го одработи договорот“, објави „Марка“.
Веста доаѓа веднаш откако советникот на Ред Бул Хелмут Марко сугерираше дека иднината на Перез во тимот е далеку од сигурна.
Спорт
ФИБА одби да го раскине договорот на Мобли со Хапоел
Се назира крајот на сагата околу Џонатан Мотли. СПоред израелските медиуми кошаркарот мора да се врати во Хапоел Тел Авив.
Американецот пред три недели преку ноќ си замина од Тел Авив. Се врати дома во Хјустон чекајќи да добие раскин на договорот.
Епилогот го чекаа неколку клубови, меѓу кои како што пишуваа медиумите фаворити беа Црвена звезда и Реал Мадрид.
Според израелскиот портал „Спорт 5“, ФИБА во понеделникот официјално испратила писмо до Хапоел и посочила дека Мотли не може да се смета за слободен агент и дека не се прифаќа неговото еднострано раскинување на договорот.
Да потсетиме, одличниот центар побара раскин поради војната во Израел, но Светската куќа на кошарката го одби тоа барање за да не стане правило меѓу сите играчи кои играат во Израел и Русија.
Сега Џонатан Мотли ќе мора да се врати во клубот и кај соиграчите од кои јавно се откажа, а големо прашање е како сега ќе го примат.
Спорт
Кливленд ја продолжи серијата победи, рекорд на Гилџис-Александер, Вембањама го растури Сакраменто
Кливленд Кавалирс, Виктор Вембањама и Шеј Гилџис-Александер ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Кливленд Кавалирс зтриумфираа во Чикаго 119:113 и станаа осмиот тим кој ја отворил сезоната со 12 последовни победи. Кавалирс се на половина пат од апосолутниот рекорд на Голден стејт Вориорс.
Блескаше Донован Мичел со 36 поени, Еван Мобли забележа 15 поени и 11 скокови. Кај Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 26 поени, односно Дерик Вајт и Никола Вучевиќ со по 20 поени.
Сан Антонио го декласираа Сакраменто со 116:96. Виктор Вембањама го изедначи личниот рекорд со шест постигнати тројки. Натпреварот го заврши со 34 поени, 14 скока и шест асистенции.
Ова беше 82. натпревар за Вембањама во НБА и сега се смета дека одиграл цела сезона, пишува Асошиетед прес и додава: „Со извонредната игра против Сакраменто, Вембањама им се приклучи на Оскар Робертсон, Карим Абдул-Џабар, Лери Бирд, Блејк. Грифин и Сидни Викс кои имаат постигнато 1700 поени, 800 скока и 300 асистенции во првите 82 натпревари.
Оклахома и ЛА Клиперс одиграа извонреден меч, Тандер славеа со 134:128. Шеј Гилџис-Александер забележа личен рекорд со 45 поени, го следеше Џејлен Вилијамс со 28 поени.