Спорт
Петр Чех се враќа како четврти голман на Челси, „сините“ велат дека тој е последната опција
Челси го вклучи Петр Чех во својот 25-член состав за Премиер лигата како голман за итни случаи и покрај тоа што чешкиот голман се повлече од фудбалот во 2019 година.
38-годишниот Чех тренира со клубот веќе неколку недели и сега ќе биде четврти голман во 25-члениот тим откако претходно лани се приклучи на тимот како технички советник. Чех е четврти голман зад Кепа Аризабалага, Едуар Менди и Вили Кабалјеро.
Клубот се обиде да ги намали надежите на навивачите дека ќе го видат Чех меѓу стативите.
„Петр Чех е приклучен на тимот како голман за итни случаи. Се работи за мерка на претпазливост поради непредвидливите услови поради Ковид-19. Тој има улога на фудбалер без договор“, велат од клубот.
Чех се повлече од фудбалот по крајот на сезоната 2018/2019 по поминати 11 сезони во Челси, но од 2015 до 2019 бранеше за Арсенал. Додека беше фудбалер на Челси, тој освои титула од Премиер лигата, четири трофеи од ФА-купот и титула од Лигата на шампионите.
Petr Cech won 15 trophies and kept 228 clean sheets for Chelsea from 2004 to 2015.
He retired from football in 2019.
He’s been included in Chelsea’s 2020/21 Premier League squad ? pic.twitter.com/y0tJiICfbD
— B/R Football (@brfootball) October 20, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

