Спорт
Петто злато за Кина – Сју победи во слободно скијање

Репрезентативката на Кина, Сју Ментао, на Зимските олимписки игри во Пекинг, го освои златниот медал во слободно скијање, во дисциплината „ериалс“. Со спектакуларен скок, таа и го донесе првото злато на Кина во оваа дисциплина. На крајот таа освои 108,61 поени.
Сју Ментао, претходно, освои сребро во тимскиот натпревар. Кина досега има освоено пет златни медали на Игрите.
Второто мести и припадна на Хана Хускова од Белорусија, а бронзата ја освои Американката Меган Ник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферари на Шумахер продаден за 16 милиони евра

Ферарито со кое Михаел Шумахер ја освои Големата награда на Монако во 2001 година беше продадено за 15,98 милиони евра на аукција во Монте Карло.
Легендарниот Германец се тркаше во него и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи таа година и ја освои четвртата од своите седум светски титули.
Автомобилот беше понуден на аукција во „Сотеби“ пред да квалификациите за овогодинешното Гран При на Монако.
Болидот од 2001 година е четвртиот најскап продаден автомобил од Ф1.
Светскиот рекорд беше поставен во февруари кога „стримлајнерот“ на Мерцедес во кој се тркаа Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо беше продаден за 50,87 милиони евра.
Ова е најскапиот автомобил продаден на аукција што го возел Шумахер, а претходниот рекорд го држеше неговиот Ф2003 од 2002 година, кој достигна цена од 11,60 милиони евра.
Спорт
Ерик Тен Хаг утре ќе потпише договор со Баер

Холандскиот тренер Ерик тен Хаг утре ќе потпише договор со Баер Леверкузен, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Тен Хаг е невработен откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во октомври.
Тој имаше бројни понуди за работа, но реши да направи пауза до крајот на сезоната. Тој чекаше вистинска можност и ќе ја добие во тим чиј тренер Чаби Алонсо заминува во Реал Мадрид.
Алонсо направи одлични работи во Леверкузен, минатата сезона ја прекина доминацијата на Баерн и ја освои титулата во Бундеслигата и Купот на Германија, а го предводеше Баер до финалето на Лигата на Европа, во кое германскиот клуб беше поразен од Аталанта.
Оваа сезона Баер остана на врвот на германскиот фудбал, ја освои втората позиција и играше во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тен Хаг има искуство во германскиот фудбал, пред 12 години работеше во вториот тим на Баерн Минхен.
Тој го водеше Манчестер јунајтед две полни сезони и ги освои ФА Купот и Лига Купот, а во сезоната 2022/2023 го освоија третото место во Премиер лигата. Пред тоа, тој освојуваше трофеи со Ајакс.
Тешка задача го чека во Баер, бидејќи ќе мора да изгради тим без најмалку три многу важни играчи. Имено,Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг се на прагот да се преселат во Ливерпул, додека Џонатан Та најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Баерн Минхен.
Тен Хаг ќе потпише договор со Баер до летото 2027 година.
Спорт
(Видео) Еспањол со контроверзен пенал избори опстанок

Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал.
На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид.
Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз Руиз досуди пенал за домашната екипа по контакт помеѓу Алехо Велиз од Еспањол и дефанзивец од Лас Палмас.
Тој детаљ предизвика спротивставени коментари, создаде бура, се огласи и поранешниот меѓународен судија Перез Буруљ, консултант на „Марка“.
„Зошто ВАР не ја гледаше оваа ситуација? Кој протокол спречува ситуација од која зависи нечиј опстанок во лигата да не биде повторно прегледан? Напаѓачот беше првиот што се намести и ја турна ногата на дефанзивецот. Според мене, играчот на Еспањол требаше да биде казнет со жолт картон за ова“, вели Буруљ.
Me estoy volviendo loco con el penalti que le acaban de pitar al Espanyol
Qué fácil se vive siendo el filial del Madrid pic.twitter.com/E5CGE8wwQf
— Álex (@LxoMessismoFCB) May 24, 2025
Еспањол го искористи „подарокот“, поведе преку Хави Пуадо, а потоа ја запечати победата со уште еден гол на самиот крај и опстана во лигата.
Во исто време, тој ја прекина серијата од пет последователни порази што го доведоа на работ на бездната.
Залудна беше победата на Леганес над Ваљадолид (3:0), како и три триумфи во последните четири кола и подобариот меѓусебен скор од Еспањол (3:2, 1:1).