Спорт
„Пике е просечен играч. Славен е дека има кул брадичка и дека е во врска со пејачка“

Оскар Руџери, светски првак со Аргентина во 1986 година, во една изјава го нарекол Џерард Пике просечен фудбалер. Руџери дел од свoјата кариера минал во Реал Мадрид (1989-1990).
„Пике е дефанзивец од втора класа, просечен играч, каков што бев јас, како што има многу во фудбалот“, рекол Риџери за „Фокс спорт“ и дополнил.
„Добро изгледа, во врска е со пејачка… има кул брадичка, но да не игра за Валенсија, немаше да биде познат. Таков бев и јас, просечен. Добар дефанзивец, ништо повеќе од тоа. Никогаш не бил под притисок“.
Аргентинецот потоа рекол дека најдобар дефанзивец во фудбалот е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Едноминутно молчење пред натпреварите од првото коло на Премиер лигата во спомен на Жота

Едноминутно молчење ќе биде одржано пред натпреварите од првото коло во Премиер лигата, во спомен на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа.
Раководството на Премиер лигата денес објави дека разговарало со претставници на Ливерпул за најсоодветниот начин да му се оддаде почит на Жота, кој загина со својот брат на 3 јули во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Освен едноминутното молчење, на сите играчи ќе носат црни ленти, а пораките и фотографиите ќе бидат дистрибуирани до клубовите за да се прикажат на големите екрани.
Натпреварувањето во Премиер лигата започнува во петок, со натпревар помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут, од 21:00 часот на „Енфилд“.
Спорт
Тројца се недопирливи во системот на Чаби Алонсо, меѓу нив не е Винисиус

Реал Мадрид ги заврши подготовките со убедлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш ВСГ Тирол. „Дефенса Централ“, пишува дека овој натпревар јасно ја покажал визијата на новиот тренер Чаби Алонсо, кој знае кои играчи ќе бидат клучни за тимот.
„За време на бројните измени, Алонсо остави тројца играчи на теренот кои го започнаа натпреварот: стоперот Дин Хујсен (20), играчот од средниот ред Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26). Со тоа, тој јасно стави до знаење дека тие се основата на неговата визија, по еден играч од одбраната, средниот ред и нападот, и дека смета на нив повеќе од другите“, пишува „Дифенса Централ“.
Дин Хујсен се покажа како клучен во изнесувањето на топката од задната линија, што беше главната причина за неговото доаѓање во Мадрид од Борнмут за 62 милиони евра. По целосното закрепнување на Едер Милитао, се очекува да формираат моќен стоперски пар со поддршка на Аурелиен Чуамени.
Арда Гулер се оформува како играч кој ќе направи разлика во тактичката шема на Алонсо. Тренерот, како што најави за време на Светското клупско првенство, го гледа како класичен играч од средниот ред. Поради ова, турскиот талент би можел да доминира во поседот на топката и да ја разбива одбраната на противникот со своите прецизни додавања.
Во 82 минути поминати на теренот, Гулер имаше над 90 проценти прецизни додавања, создаде четири шанси, испрати четири клучни додавања и двапати ја погоди пречката, докажувајќи дека може да биде опасен за голот на противникот.
Со десетката на грбот, Килијан Мбапе не можеше да посака подобар почеток. Французинот постигна два гола и ја покажа импресивната физичка трансформација на која неговиот тим работи напорно. Имено, шпанските медиуми пишуваат дека видливо ја подобриле агилноста, брзината и силата.
Со два гола, една асистенција, четири удари во голот и четири клучни додавања, Мбапе го покажа патот за да стане апсолутен лидер на тимот, што Алонсо го очекува од него.
Тренерот веќе изјави дека Мбапе е „компатибилен“ со Гонзало Гарсија, а сега останува да се види како ќе соработува со Винисиус Жуниор, кој доби критики од тренерот по слабата игра против Тирол.
Спорт
ПСЖ и Тотенхем во борба за Суперкупот на УЕФА

Актуелниот победник на Лигата на шампионите, ПСЖ, и актуелниот победник на Лига Европа, Тотенхем, ќе се сретнат вечерва во 21 часот на стадионот „Блуенерџи“ во Удине во борбата за Суперкупот на УЕФА.
Победникот на Лигата на шампионите сака да додаде трофеј што не го освоил ниту еден француски клуб, додека Тотенхем се надева дека ќе подигне уште еден трофеј по освојувањето на Лига Европа.
Единствениот пат кога ПСЖ имаше шанса да го освои Суперкупот беше во 1996 година, кога, како победници на Европскиот куп, играа против Јувентус и претрпеа тежок пораз од вкупно 9:2 во двата натпревари. Тоа беше претпоследната година во која натпреварувањето се играше во два натпревари.
Марсеј, од друга страна, ја освои Лигата на шампионите во 1993 година, но поради скандал со наместени натпревари, не можеше да учествува во Суперкупот.
Луис Енрике сега има можност да испише нова страница во клупската историја. По триумфот во Лигата на шампионите, ПСЖ не успеа да слави на Светското клупско првенство, каде што Челзи неочекувано ги победи во финалето.
Енрике веројатно ќе игра со истиот состав на натпреварот како против Интер во финалето на Лигата на шампионите, освен што Лукас Шевалие ќе брани наместо Донарума. Исто така, тој не може да смета на Жоао Невеш, кој беше исклучен против Челзи.
Томас Франк, данскиот тренер на Тотенхем, ќе дебитира во новиот клуб. Тотенхем влегува во новата сезона без Хеунг-мин Сон, кој се пресели во ЛАФЦ по десет години во Лондон. Негов заменик е Мохамед Кудус, кој пристигна од Вест Хем. Франк ги нема на располагање Медисон, Соланке, Кулушевски и Драгушин.