Спорт
Пикси не го видел голот на Митровиќ, заминал во соблекувалната
Фудбалската репрезентација на Србија, преку Португалија, успеа да избори директен пласман на Мундијалот во Катар. Србите во неделата победија во Лисабон, 2:1, со голот на Митровиќ во 90. минута.
Легендата Драган Стојковиќ-Пикси е најзаслужниот за пласманот на Србија на Светското првенство. Селекторот на Србија не бил на теренот во последните четири минути од натпреварот.
Една минута пред голот на Митровиќ тој се повлекол во соблекувалната.
„Кога видов дека останаа уште четири минути, заминав. Така ми дојде, си кажав дека не можам повеќе да гледам. Се повлеков во соблекувалната, мислеа дека не ми е добро. За мене тоа беше цела вечност. Знам што може да се случи во тој период. Слично како во Даблин кога сами си постигнавме гол. Во соблекувалната бев мирен, не слушав галама на трибините. Тоа ми кажуваше дека сè е в ред“, открил Пикси.
Потоа решил да се врати на своето место.
„Излегувам и во тунелот гледам луѓе во униформи со наведнати глави. Тогаш сè ми беше јасно. Ми беше јасно дека тие се поразени. Погледнав во далечината и ги видов играчите во бели дресови како се радуваат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

