Спорт
Пикси: Не знам што очекуваа луѓето!

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси, вели дека е најважно што неговата репрезентација сама одлучува за пласманот во осминафиналето на Светското првенство на утрешниот меч со Швајцарија и додаде дека не му е јасно што очекувале српските навивачи на мечевите со Бразил и Камерун во првите две кола.
„Не сме роботи! Навивачите кои доаѓаат на стадион, исто така доаѓаат со исти емоции и тоа нормално. На Светско првенство секој гол и секој поен се многу важни. Ако победиме ќе видите колку е важен тој поен против Камерун. За Србија уште не е ништо изгубено. Не знам што очекуваа луѓето тука? Да ги победиме Бразил и Швајцарија? Па, и другите играат фудбал. Најважно е што оддлучуваме сами. Би ја сфатил таа катастрофа да загубевме и од Бразил и од Камерун. Играме меч за поминување во следното кол. Дали ќе биде лесно? Сигурно, нема! Но, не беше лесно ниту во Лисабон, ниту во Осло. Патот до победата постои, само треба да се пронајде“, вели Стојковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс-турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.
Спорт
Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбал: Македонија ЃП загуби од Берое

Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбалски натпревари на подготовките во Анталија. И покрај дел од бугарските клубови кои одбија да играат, сепак, денеска беше одигран меч меѓу Македонија ЃП и Берое.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби од бугарскиот тим Берое со 3:2.
Кристијан Стојковски донесе водство за Македонија ЃП, а на почетокот на второто полувреме Берое израмни преку Вини Трибуле.
Во 80. минута Дамјан Јорданов се погрижи за пресврт, а потоа Трибуле постигна втор погодок за 3:1. Конечниот епилог го постави Славков.
Спорт
Работнички го промовираше Амар Хаџибулиќ, наследникот на Столе Димитриевски

Македонскиот прволигаш Работнички објави дека потпиша прв професионален договор со најновиот голем бисер од младинската школа, голманот Амар Хаџибулиќ.
„ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во пионерско-младинската академија на клубот“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.
Амар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички.
Амар Хаџибулиќ е репрезентација на Македонија во селекцијата до 17 години.