Спорт
Пиоли: Интер и понатаму се фаворити за титулата

Милан забалежаа важна победа над еден од директните конкурентите за борбата на титулата и повотрно се искачија на челната позиција во Серија А. Милан, со голот на Оливие Жиру, синоќа победија во Неапол.
И покрај победата, тренерот на Стефано Пиоли, смета дека Интер и понатаму се најголемите фаворит во шампионската трка.
„Интер се актуелни шампиони, имаат и натпревар помалку. Тие и понатаму се фаворити за титулата. Интер е силен тим. Кога ќе имаме табела, на која сите ќе имаат ист број натпревари, тогаш ќе можеме да јасно да ги процениме работите“, рекол Пиоли.
Милан во наредното коло ќе го пречека Емполи, Интер ќе гостува во Торино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити се засили со лев бек

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.
Спорт
Тијаго Сплитер дефинитивно го напушта Париз

Тренерот на кошаркарскиот клуб Париз, Тијаго Сплитер, ќе го напушти клубот и ќе стане член на тренерскиот штаб на НБА франшизата, Портланд Трејл Блејзерс.
Сплитер ќе стане помошник на главниот тренер на Трејл Блејзерс, Чонси Билапс, според бројни медиуми.
Поранешниот бразилски репрезентативец со тоа се враќа во Соединетите Американски Држави, каде што имаше одлична кариера. Откако се истакна во Европа, неговиот дрес беше повлечен од употреба од Басконија во нејзината сала во Виторија, поранешниот центар ја освои и титулата во НБА.
Сплитер беше играч на Басконија, односно Тау Керамика, десет години од 2000 до 2010 година. Тој беше во Сан Антонио во следните пет сезони, а во 2014 година ја освои и титулата во НБА.
За време на „локаутот“ во 2011 година, кратко играше во Валенсија. По Спарс, Тијаго сè во НБА играше за Атланта и Филаделфија.
Најдобрата сезона на Сплитер беше 2012/2013 кога пропушти само еден натпревар за Сан Антонио, а во просек бележеше 10 поени и шест скока.
По пензионирањето, сега 40-годишникот беше асистент во Бруклин Нетс од 2019 до 2023 година. Сезоната 2023/2024 ја помина во Хјустон Рокетс, пред да стане главен тренер на Париз.
Портланд го продолжија договорот со својот тренер, членот на шампионската генерација на Детроит Пистонс. Дополнително, неодамна ги доведоа првиот асистент на Мемфис Гризлис, Патрик Сент Ендрус, и тренерот на шампионот од Џи-лигата, Стоктон Кингс, Квинтон Крофорд.
Мемфис сега го предводи претходникот на Сплитер на клупата на Париз, Томас Исало, а наследник на Бразилецот би можел да биде Италијанецот Франческо Табелини, кој се истакна на клупата на Нимбурк.
Спорт
Марк Маркез апсолутен владетел на Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Арагон, осмата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион, на патеката „Моторленд“, ја постигна својата четврта победа оваа сезона, а го повтори и успехот од пред 10 години кога ги заврши сите тренинзи, квалификации и трката на првото место.
Најблиску до Марк беше неговиот помлад брат Алекс, кој заостануваше над две секунди, додека на третото скалило на подиумот беше Франческо Бањаја на вториот фабрички Дукати.
Бањаја заостануваше помалку од една секунда зад возачот на Гресини, а во Арагон се врати на подиумот за прв пат по Херез, на крајот на април.
Најдобар меѓу останатите беше Педро Акоста, кој ја помина целта пет и пол секунди зад Бањаја. Најголемата битка се водеше во борбата за петтото место, во која Франко Морбидели од тимот БР46 го победи вториот возач на Гресини, Фермин Алдегер, по што следеше Жоан Мир на Хонда.
Првите десет ги комплетираа возачот на Априлија, Марко Бецеки, Фабио ди Џанантонио од тимот БР46 и Раул Фернандес, кој ги брани боите на Трекхаус.
Постариот Маркез сега е на чело на генералниот пласман со 233 бода, 32 повеќе од неговиот помлад брат, додека Бањаја трет со 140.
Следната трка од шампионатот Мото ГП е за Големата награда на Италија во Муџело од 20 до 22 јуни.