Спорт
Пипен: Џордан ја уништи кошарката, Леброн е подобар играч од него

Скоти Пипен верниот соборец на Мајкл Џордан од славните времиња на Чикаго Булс, неодамна ги објави мемоарите, во кои „главен негативец“ е Џордан. Пипен жестоко го критикува Џордан од моментот кога документарниот филм „Последниот танц“, се појави во јавноста. Филмот ја следи последната сезона на Џордан во НБА лигата.
Пипен, во својата книга, открива дека често имал несогласувања со Џордан. Истакнува дека без соиграчите Џордан никогаш не би бил Џордан.
„Мајкл Џордан никогаш немаше да биде Мајкл Џордан не бева тука Пипен, Хорас Грент, Тони Кукоч, Џон Пекстон, Стив Кер, Денис Родман, Бил Катрајт, Рон Харпер, Би-Џеј Амстронг, Лук Лонгли, Вил Пердју и Бил Венингтон“.
Пипен оди толку далеку во своите мемоари што тврди дека Џордан ја уништил кошарката и дека во историјата на кошарката никој не е подобра од Леброн Џејмс.
„Слободно ќе кажам дека Мајкл Џордан ја уништи кошарката. На игралиштата во 80.години, топката вртеше во круг, децата се подаваа. Тоа престна во 90.години. Децата сакаа да бидат како Џордан. Мајк не сакаше да додаде, не сакаше да скока, не сакаше да игра одбрана врз најдобриот противнички играч. Тој сакаше целиот тим да работи за него“, тврди Пипен.
„Поради тоа секогаш сум мислел дека Леброн Џејмс е најдобриот во кошаркарската историја. Леброн прави се, поставува темели за играта да биде онаква каква што треба да биде“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Верона и Специја, во Удине ќе се борат за опстанок
Во недела, на 11 јуни, фудбалерите на Верона и Специја ќе одлучат кој тим останува во Серија А, а кој испаѓа во Серија Б.
Челниците на Италијанската фудбалска асоцијација, решија натпреварот да се одигра на неутрален терен во Удине. Ова ќе биде прва мајстрока за опстанок во Серија А по сезоната 2004/05, кога за опстанок се бореа Парма и Болоња.
Од оваа сезона, италијанската федерација го смени правилото, па меѓусебниот скор не одлучува околу конечниот распоред.
Ако две екипи имаат ист број бодови, а Верона и Специја имаа по 38 одиграни натпревари, еден натпревар на неутрален терен ќе одлучи кој ќе остане во елитното друштво. Доколку дојде биде нерешено по 90 минути, веднаш се изведуваат пенали.
Сезонава Специја ја победи Верона на гости со 2:1, додека мечот во кој Специја беше домаќин заврши 0:0. Сампдорија и Кремонезе испаднаа од Серија А.
Спорт
Неколку милиони го убедиле Хорнер да го одбие Ферари

Хелмут Марко, советник во Ред Бул, изјави дека Кристијан Хорнер, првиот човек на австрискиот тим, за малку ќе завршел во Ферари на почетокот на оваа сезона.
Според Марко, Хорнер бил првиот избор на Скудерија за наследник на Матија Биното. Заедно со него во Маранело требало да се пресели и Адријан Њуи, техничкиот гениј најодговорен за развојот на болидите на Ред Бул.
„Разговаравме цела ноќ. Разговор и неколку милиони го убедија Хорнер да остане во Ред Бул и да ја отфрли идејата да оди во Ферари“, истакна Марко.
Според Марко, зголемувањето на платата што го доби Хорнер не влијаело на понатамошниот развој на болидот на Ред Бул.
Под водство на Хорнер, Ред Бул доминира и оваа сезона во Формула 1. Верстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред, додека неговиот клубски колега Серхио Перез е на второто место.
Спорт
Хорхе ја смени плочата: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона
„Сагата за Меси“ продолжува, со уште еден главен актер, таткото Хорхе, кој е менаџер на својот син. Хорхе Меси, во понеделникот, ја крена Барселона на нозе и предизвика еуфорија со изјавата дека неговиот син сака да се врати во клубот. 24 часа подоцна Хорхе „врти друга плоча“.
Вчера Шпанците објавија дека Ла Лига и дала зелено светло на Барселона за нејзиниот економски план за следната сезона, во која се отвори простор за враќање на Меси. Меси сениот, по состанокот се сретнал со Џоан Лапорта.
По состанокот, Хорхе Меси за телевизијата „Хихантес“, изјави дека неговиот син сака да се врати во Барса и дека се ќе биде познато во наредните 48 часа.
Со оваа изјава ги фрли во транс фановите на Барселона, а веќе наредниот ден врти друга приказна.
„Не се работи за пари, Лео е подготвен да игра бесплатно. Но, не верувам дека неговото враќање ќе се случи, ситуацијата околу тоа е многу тешка“, изјави Меси сениор.
Тој наводно изјавил дека еден од проблемите е начинот на кој што го следат шпанските медиуми неговиот син и начинот за кој тие известуваат за неговото можно враќање во клубот. Најдобриот играч на Мундијалот во Катар не сака неговиот трансфер во Барселона да се гледа како бегство во сигурна куќа.
„Лео имаше две многу тешки години во Париз“, додаде Меси сениор.
Она што го откриваат шпанските медиуми е дека платата на Лионел Меси во Барселона би била 13.000.000 евра, дека договорот би бил потпишан на 1+1 година и дека семејството на Аргентинецот, особено неговата сопруга Антонела, ја турка идејата за враќање во Каталонија.
Дополнителен проблем во целата приказна е што Саудијците кои му дадоа понуда на Лионел Меси е невидена во историјата на спортот (1.200.000.000 евра за две години). Тие го притискаат неодамнешниот ас на Пари Сен Жермен конечно да се изјасни дали доаѓа или не.
Семејството Меси, пак, се обидува да добие уште неколку дена во тие преговори, бидејќи очигледно е дека Лео пред се сака да биде во Барса. Па, ако не можеш да заврши во Барселона, тогаш ќе бара алтернативни решенија.