Спорт
Пипо: Дајте му го бројот 9 на Златан да ја „скрши“ клетвата

Филипо Инзаги вели дека Златан Ибрахимовиќ треба да го добие неговиот стар дрес со бројот 9 за да ја „скрши“ клетвата која од неговото пензионирање го следи дресот со овој број кај „росонерите“.
Популарниот Пипо, кој сега е тренер на лидерите во Серија Б, Беневенто, знае дека ниту еден од фудбалерите кои го носеа тој број по него не успеал да направи кариера на „Сан Сиро“ и вели дека Златан е совршен.
„Секогаш кога некој ќе постигнеше гол со дресот број 9 на Милан јас бев среќен. Затоа, ајде да ја завршиме таа ’клетва’. Не е во ред да се повлече дрес со тој број, бидејќи некој мора да го носи секогаш и се надевам дека Ибра, ако остане и следната година ќе биде тој, бидејќи е доволно силен да го носи“, вели Инзаги.
Кога Ибрахимовиќ се врати во Милан во јануари, дресот беше кај Полјакот Кшиштоф Пјонтек, кој замина во Херта во зимскиот преоден рок.
„Сигурен сум дека Ибра ќе донесе многу за овој тим, бидејќи немаше да прифати враќање доколку не се чувствуваше 100 отсто подготвен. Го познавам и знам колку се грижи за својата професија. Се надевам на вистинско дерби во недела и ќе навивам за Милан. За жал, тие играат во исто време како и Беневенто и ќе биде чудно да не го гледам мечот“, вели Супер Пипо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти: Нема засилувања во јануари

Тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека клубот нема да ангажира засилувања во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал само го договори трансферот на младиот фудбалер на Палмеирас, Ендрик, кој во мадридскиот клуб ќе пристигне кога ќе наполни 18 години.
„Трансфер периодот заврши. Никој не сака да го напушти клубот, но и никој не сака да дојде. Ништо нема да се случи во јануари“, изјави Анчелоти.
Реал е на второто место на табелата во Примера, со пет бода помалку од лидерот Барселона, откако во неделата вечерта одигра без голови со имењакот од Сан Себастијан.
Спорт
Украинците удрија по ИОК: Олимпискиот комитет промовира геноцид

Украина го обвини Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) дека е „промотор на војна и геноцид“ бидејќи размислува да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година под неутрално знаме.
„ИОК е промотор на војна, убиства и уништувања. ИОК со задоволство гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа и нуди на Русија платформа за промовирање на геноцидот врз Украинците“, напиша советникот на украинскиот претседател Михаило Подолиак на својот профил на Твитер, конкретно насочен кон Томас Бах, претседателот на ИОК.
„Очигледно е дека парите со кои се купува олимписко лицемерие не мирисаат на украинска крв. Нели, господине Бах?“, додаде тој.
Украина е под руски напад од февруари 2022 година, а официјален Киев бара на спортистите од Русија и Белорусија, сојузник на Кремљ, да им се забрани учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година.
Сепак. ИОК во средата соопшти дека „размислува“ да им дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на ОИ во Париз под неутрално знаме.
Овие предлози предизвикаа бес кај Украинците. Претседателот Володимир Зеленски го осуди „лицемерието“ на ИОК и го покани Томас Бах да го посети Бахмут, една од жешките точки во војната со Русија.
Во своето секојдневно обраќање во неделата, Зеленски рече дека му напишал писмо на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Олимпиизмот и терористичките држави не одат рака под рака“, рече Зеленски, а министерот за спорт на Украина се закани дека Украинците можеби ќе ја бојкотираат Олимпијадата во 2024 година.
Спорт
Мурињо ја засили одбрана – Љоренте на „Олимпико“

Рома во финишот на преодниот рок ќе ја засили одбраната. До крајот на денот договор со „волчицата“ ќе потпише Диего Љоренте. Шпанецот, до крајот на сезоната ќе биде позајмен во Рома, а потоа клубот од „Олимпико“ ќе може да го откупи неговиот договор од Лидс јунајтед.
Диего Љоренте, пред две и пол години, за сума од 20.000.000 евра од Реал Сосиедад се пресели во Лидс. На неговиот трсснфер инсистираше тогашниот менаџер Марсело Бијелса.
Повремениот шпански репрезентативец беше стандарден кај Бијелса, но го загуби местото во тимот по доаѓањето на Џеси Марш.
Рома договорот на Љоренте ќе може да го откупи за 10.000.000 евра.
Во исто време Рома го испрати левиот бек Матијас Виња во Борнмут.