Спорт
Пирло станува тренер на Јувентус, на вториот тим
Некогашниот трофеен италијански фудбалер, Андреа Пирло, набргу ќе стане тренер на вториот тим на Јувентус, пренесува „Кориера дела Сера“.
Пирло беше дел од „старата дама“ од 2011 до 2015 година токму во периодот кога Јувентус ја постави доминацијата во Серија А.
Ексиграчот од средниот ред, кој остави свој печат и во Милан и во Интер, моментно е ангажиран на телевизијата „Скај спорт Италија“, но има тренерска лиценца и веднаш може да го преземе кормилото на екипа што се натпреварува во Серија Ц.
Пирло е освојувач и на титулата светски шампион со Италија, а двапати го подигна пехарот со големите уши со Милан.
Фудбалската кариера ја заврши пред 2 години во дресот на Њујорк Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Скапо ги плати грешките, Окон ќе го напушти Алпин
Естебан Окон ќе го напушти Алпин на крајот од актуелната сезона. Францускиот тим има лоша сезона, а работите сериозно се вжештија по амбициозниот обид на Окон да го претекне тимскиот колега Пјер Гасли на Големата награда на Монте Карло.
Окон удри во задниот дел од возилото на неговиот колега, го оштети своето возило и по само еден круг испадна од трката. Бидејќи ова не му беше прва глупост што ја направи тимот реши да се раздели со возачот.
По ангажманот во Форс Индија, Французинот се избори за договор со Рено, кој го промени брендот во 2021 година и го доби името Алпин. Окон одлично се снајде во францускиот тим, дури и победи на Големата награда на Унгарија во 2021 година, беше осми во генералниот пласман во 2022 година, но 2024 година е кошмарна за целиот тим.
Се шпекулураше дека Алпин ќе го казни Окон со тоа што нема да му дозволи да вози на Големата награда на Канада, но последиците за Окон ќе бидат поголеми.
Ќе го напушти тимот и веќе е во потрага по нов ангажман. Медиумите шпекулираат дека наредната сезона би можел да вози во Хас или Заубер.
Спорт
(Видео) Мбапе не знаејќи на јавноста и откри кога Реал ќе го објави неговиот трансфер
Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачот утрово на францускиот претседател Емануел Макрон му открил кога трансферот ќе биде официјално потврден.
Претседателот на Франција го посети кампот на националниот тим кој се подготвува за Европското првенство. На заминување разговараше со Мбапе.
„Како си? Дали е потпишано?“, го праша Макрон францускиот напаѓач, а тој кимна со главата како потврда.
Потоа, Макрон го праша Мбапе кога се ќе биде официјализирано, а тој одговори:
„Вечерва, вечерва“.
Во Реал го чекаа крајот на сезоната и одигрувањето на финалето на Лигата на шампионите, за да го објават трансферот на Мбапе.
🚨🇫🇷 Kylian Mbappé confirming to French president Emmanuel Macron that his move to Real Madrid will be ANNOUNCED today. pic.twitter.com/Sn7U2sg53l
— KMZ (@KM10Zone) June 3, 2024
Спорт
УЕФА ги избра најдобрите 11 и најдобриот играч во Лигата на шампионите
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на стадионот „Вембли“ и ја освои Лигата на шампионите. За Реал ова е 15-та европска титула во историјата, додека Борусија остана на една, освоена во 1997 година. Стрелци беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Во него има по четворица играчи од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а играчот на Реал Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч, додека неговиот соиграч Џуд Белингем е прогласен за најдобар млад играч во Лигата на шампионите.
Тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Грегор Кобел (Борусија Дортмунд);
Дани Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Јан Маатсен (Борусија Дортмунд);
Марсел Сабицер (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Џуд Белингем (Реал Мадрид);
Фил Фоден (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)