Контакт

Спорт

Пјаниќ си замина, сега Пуиг ќе ја трпи тортурата на Куман

Објавено пред

Роналд Куман, по заминувањето на Миралем Пјаниќ, има нова жртва. Каталонските медиуми пишуваат дека 22-годишниот Рики Пуиг го очекува тежок период во кариерата.

Пуиг во летниот преоден рок не сакаше да го напушти клубот, Куман на почетокот на сезоната изјави дека младиот играч ќе добие шанса, меѓутоа досега не одигра ниту една минута во трите меча во Примера и дуелот со Баерн во Лигата на шампионите.

„Треба да напредува во многу работи. На последниот меч се загреваше, имаше шанса да влезе, но морав да ја сменам одлуката бидејќи Алба се повреди. Тој треба да работи многу, како и сите останати млади фудбалери“, рекол Куман.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Резил на Милвоки во Мајами – Хит победија со разлика од 42 поени

Објавено пред

Актуелните шампиони во НБА лигата, кошаркарите на Милвоки Бакс, доживеаја тежок пораз во Мајами. Хит славеа над Бакс во својата арена со 137:95.

Натпреварот стана еднонасочна улица уште во првата четвртина, во која Мајами стекнаа предност од 25 поени. Предноста од над 20 поени, Хит, ја имаа се до третиот период кога уште повеќе ја зголемија.

Милвоки на овој натпревар погодија само 12 тројки од 42 обиди и имаа 20 скокови помалку од противникот (38/58).

Шестиот играч на Мајами, Тајлер Хиро за 24 минути на паркетот постигна 27 поени, Џими Батлер уфрли 21 поен, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови. Јанис Адетокумбо одигра само 22 минути, забележа 15 поени и 10 скока, поен помалку за Бакс постигна Грејсон Ален.



Прикажи повеќе...

Спорт

Шоу на Стеф Кари, совршена четвртина и 45 поени против ЛА Клиперс

Објавено пред

Голден стејт вориорс, на почетокот на сезоната во НБА-лигата, ја забележаа втората победа против екипите од Лос Анџелес. По победата над Лејкерси, Вориорс ги победија и Клиперси. Во драматичната победа 115:113 блескаше Стеф Кари, кој ја најави кандидатурата за МВП на сезоната.

Играта на Кари, во првата четвртина, долго ќе се прераскажува. Бекот на Вориорс одигра совршена четвртина, шутиратше 9/9, постигна пет тројки. Четвртината ја заврши со 25 поени, два помалку од целиот тим на Клиперс.

И покрај тоа што Вориорси имаат предност од 17 поени по првата четвртина (44:27), до победата дојдоа во пенал-завршницата.

Кари мечот го заврши со 45 поени и 10 скокови, Ендрју Вигинс постигна 17, Дејмон Ли 11 поени, а Немања Бјелица за 17 минути забележа шест поени и шест скока.

Клиперси ги предводеа Пол Џорџ со 29 поени, 11 скокови и шест асистенции, Ерик Бледсо со 22 поени и Ивица Зубац со 14 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дебакл на Далас во Атланта

Објавено пред

Атланта хокс со убелива победа над Далас маверикс 113:87 ја започна новата сезона во НБА-лигата.

Неизвесност во овој натпревар имаше само во првата четвртина, во втортата Хокси стекнаа двоцифрена предност, а победникот беше решен на крајот од третата четвртина, која играчите на Атланта ја добија со разлика од 15 поени.

Атланта до победата ја предводеа Кем Редиш со 20 поени, Тре Јанг со 19 поени и 14 асистенции, односно Богдан Богдановиќ со 11 поени, три скока и две асистенции.

Лука Дончиќ на спротивната страна забележа 19 поени, 11 скокови, седум асистенции и пет загубени топки за 31 минута на теренот. Поен помалку постигна Џејлен Бронсон.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион16 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија17 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ18 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија20 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија21 час

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа22 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија23 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 дена

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија2 дена

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 дена

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија2 дена

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет2 дена

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие