Спорт
Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС
Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те тимови на МЛС, покажуваат податоците објавени од Синдикатот на фудбалери без да се земат предвид спонзорските договори.
Меси, кој ја освои светската титула со Аргентина, ќе заработи 20.446.667 долари (околу 18.892.925 евра), откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната.
Со 41. 700.000 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.
Следува Торонто со 31.800.000 долари и двата тима од Лос Анџелес. Галакси издвојува 22.100.000 долари за плати, а ЛАФЦ 22.000.000 долари.
Освен споменатите четири екипи, сите фудбалери на тимовите од Нешвил (21.900.000), Синсинати (21.000.000) и Хјустон (20.500.000) заедно заработуваат повеќе од Меси, објави Синдикатот на фудбалери.
Соиграчот на Меси, Серхио Бускетс е втор во МЛС по основна плата. Таа изнесува 8.500.000, а со бунусите неговата плата може да нарасте до 8.800.000. Крилниот напаѓач на Торонто Лоренцо Инсиње добива 7.500.000 годишна плата, со бонусите таа може да нарасте до 15.400.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда во триумфална серија, Динамо доживеа дебакл во Загреб
Фудбалерите на Црвена звезда победија во Штурм во 6. коло од Лигата на Европа и ја задржаа шансата да ја обезбедат европската пролет, додека од друга страна Динамо од Загреб доживеа пораз на домашен терен од Бетис.
Звезда победи со 1:0 во Грац со голот на Мирко Иваниќ во 55-та минута. По лошиот старт во Лига Европа, кога во првите три рунди освоија само еден бод, во наредните три кола, црвено-белите забележаа три идентични победи од 1:0, пред Штурм славеа над Лил и ФЦСБ.
Фудбалерите на Динамо доживеаа убедлив пораз (1:3) од Бетис. Натпреварот беше решен во првиот дел, кога Бетис од 31-та до 38-та минута постигна три гола.
Гостите од Севилја поведоа со автоголот на Домингез, а потоа следеа головите на Рикелме и Антони.
Утешниот гол за домашните го постигна Галешиќ во 89. минута.
На две кола пред крајот, Звезда има 10 бода и можна шанса за Топ 8, додека хрватскиот претставник е на седум бода.
Црвено-белите се во групата на тимови со ист број на бодови, кои на табелата се наредени од 14-то до на 17-то место, додека Динамо се наоаѓа на 26-та позиција.
Лига Европа, шесто коло:
Динамо – Бетис 1:3 (0:3)
/Галешиќ 89 – Домингез 31 г., Рикелме 34, Антони 38/
Ференцварош – Ренџерс 2:1 (1:1)
/Отвос 45+5, Варга 72 – Миовски 27/
Лудогорец – ПАОК 3:3 (1:1)
/Станиќ 33, Вердон 71, Чоичев 77 – Десподов 39, Вољако 48, Миту 90/
Митјиланд – Генк 1:0 (1:0)
/Чо 17/
Ница – Брага 0:1 (0:1)
/Виктор 28/
Штурм Грац – Црвена Звезда 0:1 (0:0)
/Иваниќ 55/
Штутгарт – М. Тел Авив 4:1 (2:0)
/Асињон 24, Томас 37, Мителштад 50 пен, Вагонман 90+4 – Ревиво 52/
Утрехт – Нотингем Форест 1:2 (0:0)
/Ван дер Хорн 73 – Калимуендо 52, Игоир Жесус 88/
Јанг Бојс – Лил 1:0 (0:0)
/Малеш 61/
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Миовски стрелец, Ренџерс поразени од Ференцварош
Глазгов Ренџерс загубија во Будимпешта од Ференцварош (2:1), во шестото коло, во Лига Европа.
Пкотскиот великан водеше со спектакуларниот гол на Бојан Миовски во 27-та минута. Македонскиот репрезентативец влегува во форма, откако беше стрелец изминатиот викенд, во Премиер лигата на Шкотска.
Ференцварош до крајот на полувремето изедначи, во петтата минута од судиското надополнување на времето погоди Отвос. Победата на Унгарците им ја донесе Варга во 72-та минута.
По шест рунди Ренџерс се на 33-то место со само еден бод и реално без шанси за пласман во нокаут фазата, додека Ференцварош со 14 бодови се наоѓа на четвртото место.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Шкендија го победи Слован Братислава
Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2:0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.
Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.
Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI

