Спорт
По 20 години Роналдо ја раскинал соработката со менаџерот Мендеш
Новиот играч на Ал Наср, Кристијано Роналдо, ја прекинал соработката со својот долгогодишен менаџер Жорге Мендеш. Според португалските медиуми, трансферот во Саудиска Арабија го реализирал Рикардо Регуфе.
Роналдо и Мендеш соработуваат повеќе од 20 години, а прекинот на соработката наводно се случил во ноември минатата година.
Португалските медиуми тврдат дека славниот менаџер му бил лут на Роналдо, најпрвин за интервјуто што му го даде на Пирс Морган, во кое го критикува клубот, неговите челниви и тренерот, а потоа и дека самоволно решил да го раскине договорот со Манчестер јунајтед.
„Овој потег на Роналдо го навреди Мендеш, кој со месеци бараше клуб за португалскиот фудбалер. Мендеш во 2021 година успеа да ги убеди челниците на Манчестер јунајтед да го вратат Роналдо. Тој не знаел ништо за плановите на португалскиот фудбалер“, пренесуваат португалските медиуми.
Пред да го потпише договорот со Ал Наср, Роналдо ги откажал сите права на ликот и делото, кои во име на португалскиот фудбалер ги наплатувале компаниите на Мендеш.
Португалските медиуми потсетуваат дека Роналдо потпишал договор со Ал Наср до јуни 2025 година, според кој ќе заработува 200 милиони евра годишно. Мендеш од овој договор требаше да добие провизија од најмалку 30 милиони евра.
Роналдо за нов менаџер го ангажираше Рикардо Регуфе, кој е човек од доверба на португалскиот фудбалер.
За време на соработката со Роналдо, Мендеш од различни провизии заработил повеќе од 100 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

