Спорт
По 28 години, Мото ГП се враќа во Буенос Аирес

Големата награда на Аргентина е составен дел од шампионатот Мото ГП повеќе од 60 години. Во 21 век, трките се одржуваа на патеката „Термас де Рио Ондо“ Од 2027 година трките во Аргентина повторно ќе се одржуваат во Буенос Аирес.
Легендарната патека „Оскар и Хуан Галвез“, беше домаќин на трките од шампионатот Мото ГП од 1961 година, а трките се одржуваа повремено во предградијата на Буенос Аирес до 1999 година.
После тоа, Големата награда на Аргентина беше отстранета од календарот, а повторно се врати во календарот во 2014 година.
Оттогаш, до оваа година, Големата награда на Аргентина се одржуваше повремено во „Термо де Рио Ондо“.
Сепак (засега) последната трка на оваа патека се возеше оваа година. Големата награда на Аргентина нема да се вози во 2026, а во 2027 година се враќа во Буенос Аирес.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суспендиран судијата Дејвид Кут

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци.
Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи.
ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“.
Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата.
Во ноември минатата година, на интернет се појави видео во кое Кут зборува навредливо за националноста на германскиот тренер. Видеото е снимено во јули 2020 година додека Клоп го водеше Ливерпул.
Еден месец подоцна, Кут беше отпуштен од Премиер лигата, а набрзо беше суспендиран и од Европската фудбалска унија (УЕФА), поради видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство.
Суспензијата на Кут од УЕФА истекува на 30 јуни 2026 година.
Фото/ Принтскрин
(Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“
Спорт
Наполи сака да го врати Елмас

Елиф Елмас сака да го напушти Лајпциг до преодниот рок. Македонскиот репрезентативец се поврзува со неколку клубови, Торино сака да го откупи неовиот договор, а попладнево се појави информација дека тој би можел да се врати во Наполи.
Елмас е играч на Лакпциг од 1.јануари 2024 година, кога со клубот од Бундеслигата потпиша договор до јуни 2028 година. Лајпциг на Наполи му плати 24 милиони евра.
Минатата сезона, во првиот нејзин дел, одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите по што решпи да замиен на позајмица во Торино. За „биковите“ играше во препознатливата форма, постигна и четири гола. Торино сака да го откупи неговиот договор, но не може да ги испрати финасиските барања на Лајпциг.
Медиуми во Италија тврдат дека актуелниот шампион Наполи ќе испрати официјална понуда до Лајпциг за Елмас.
Елиф Елмас е роден во Скопје, играше за Работнички од кој се пресели во Фенербахче, а оттаму во 2019 година во Наполи за кој одигра речиси 185 натпревари и постигна 19 голови.
Ќе остане запишан во историјата на Наполи, како дел од тимот кој по 33 години ја врати титулата во градот под Везув.
Foto/ EPA/PAOLO MAGNI
Спорт
Македонија ќе игра контролен меч против Саудиска Арабија

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4. септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.
Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0. За Македонија на тој натпревар настапија фудбалери од домашниот шампионат.
Контролниот меч во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата и тактичките замисли пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026.
Само три дена подоцна, на 7 септември, Македонија ќе го пречека Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Извор/ ffm.mk