Спорт
По цели 20 години Пау Гасол повторно во дресот на Барселона
Кошаркарскиот клуб Барселона денеска потврди дека во нивните редови доаѓа големо засилување – Пау Гасол. Легедарниот шпански кошаркар потпипал договор до крајот на сезоната.

„Среќен сум што се враќам во клубот во кој никнав и возбуден поради можноста. Се надевам дека брзо ќе придонесам за екипата“ напиша Гасол на социјалните мрежи.
Muy feliz de volver a casa.⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Força Barça! ?? pic.twitter.com/NtfG3UUssE— Pau Gasol (@paugasol) February 23, 2021
Шпанецот дресот на Каталонскиот клуб го носеше последен пат во 2001. Година кога соиграч тогаш му беше актуелниот тренер на клубот, Шарунас Јасикевичиус.
Потоа тој се пресели во НБА лигата каде помина цели 18 сезони играјќи за Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс – тимот со кој двапати беше шампион во лигата.
Пау Гасол шестпати беше дел од Ол-стар мечевите, двапати беше дел од втората НБА петорка.
Со Шпанија освои три златни медали, две сребра и две бронзи од Евробаскетот, каде трипати беше МВП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бајката продолжува, Боде/Глимт втор пат го победи Интер
Фудбалерите на Боде/Глимт ја комплетираа сензацијата, го елиминираа Интер и ќе играат во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По победата минатата недел, на домашен терен 3:1, вице-првакот на Норвешка победи и на „Џузепе Меаца“ со 2:1.
Боде/Глимт е најубавата приказна оваа сеозна во Лигата на шампионите. Клубот од северот на Норвешка, сезонава успеа да ги победи Манчестер сити, Атлетико во Мадрид и два пати Интер.
Ланскиот финалист, во реваншот во кој бркаше победа од најамалку два гола разлика ( за продолжение), само ја потврди лошата сезона во Лигата на шампините. Тимот на Кристијан Киву загуби пет од последните шест натпревари, а поразот од Боде/Глимт беше трет во низа во елитното натпреварување.
Статистиката вечи дека играчите на Интер изведоа 16 корнери, уаптија 30 удари кон голот на Хаикин, но таквата игра им донесе малку сериозни шанси за постигнување гол.
Откако Боде/Глимт се одбрани во првиот дел, во втроито дел малку ја отвори својата игра. Сето тоа беше без преголем ризик, со цел да се изнуди грешка на противникот.
Грешката ја дочекаа во 58-та минута, почетнички кикс на Аканџи, Зомер го одбрани првиот удар, но не и вториот на Хауге. Шеснаесет минути подоцна, филигрантска акција на Норвежаните, асистенција на Хауге и гол на Евјен.
Се што направи Интер до крајот е да постигне гол и да ја спаси честа. Голот е дело на Алесандро Бастони во 78-та минута.
Боде/Глимт во осминафиналето ќе играат против Спортинг или Манчестер сити.
Покрај Боде/Глимт и претходно Атлетико Мадрид, пласман во осминафиналето изборија Баер Лверкузен и Њукасл.
Спорт
Вардар 1961 го победи Мелсунген
Ракометарите на Вардар 1961, го победија Мелсунген во Групата 3 со 37:33 (18:19) во Лига Европа
Вардар 1961, против гостите кои дојдоа во Скопје без речиси половина тим, одигра лошо прво полувреме, но сите грешки успеаја да ги исправат во вториот дел и забележаа важна победа во борбата за пласман во четвртфиналето.
Мелсунген, без респект влезе во мечот, ги користеше слабсѕите во одбраната на црвено=црните и на половина од првиот дел имаа водство 4:10.
Вардар 1961, дури во финишот на првиот дел успеа да се консолидира и да дојде на само гол негатива.
Вториот дел Вардар го одигра далеку подобро, пред се во одбраната, а пресуди серија од три гола по 45-та минута.
Вардар до победата го предводеа Јака Малус со десет и засилувањето од Војводина, Вукашин Воркапиќ со девет погодоци, кои беа нерешлива енигма за германската одбрана.
Наредната рунда, го носи клучниот дуел за Вардар 1961 во борбата за пласман во Топ 8. Во Скопје ќе гостува Бенфика.
Спорт
Мбапе не игра против Бенфика
Реал Мадрид без Килијан Мбапеќе го одигра реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. Реал утре од 21 часот ќе го пречека португалскиот тим. По првиот меч клубот од Мадрид има предност 1:0.
Килијан Мбапе, стрелец на 38 голови од почетокот на сезоната, натпреварот со Бенфика ќе го пропушти поради повреда на левото колено.
Оваа сезона покажа и колку голем проблем може да биде тоа за Реал, бидејќи додека беше повреден, загуби од Албасете во Купот на Кралот, го загуби и Суперкупот од Барселона затоа што беше повреден, иако играше 15 минути, како и од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Колку Реал зависи од Мбапе оваа сезона покажува еден интересен факт. Французинот не постигна гол само во 10 од 33 натпревари што ги одигра оваа сезона. Од тие 10, Реал не победи во седум натпревари.
Foto/ depositphotos

