Спорт
По дебаклот во Мадрид Пачета доби отказ
Фудбалскиот клуб Ваљадолид, по вчерашниот дебакл во Мадрид, му врачи отказ на тренерот Хуан Хозе Рохо Пачета. Реал, вчера, со хет-трик на Карим Бензема, го порази Ваљадолид со 6:0.
Ваљадолид со овој пораз опасно се доближи до опасната зона. Моментално се на 16. место на табелата, но имаат само бод повеќе од првиот клуб во зоната за испаѓање. Од средината на февруари Валјадолид победи само еднаш во првенството, а во последните три кола оствари два порази и едно реми.
Пачета стана тренер на Ваљадолид од јуни 2021 година и го водеше тимот на 75 официјални натпревари, 42 пати во втората лига, 27 пати во Ла Лига и шест пати во Купот на кралот. Засега од клубот официјално не зборуваат за неговиот наследник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мбапе не знаејќи на јавноста и откри кога Реал ќе го објави неговиот трансфер
Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачот утрово на францускиот претседател Емануел Макрон му открил кога трансферот ќе биде официјално потврден.
Претседателот на Франција го посети кампот на националниот тим кој се подготвува за Европското првенство. На заминување разговараше со Мбапе.
„Како си? Дали е потпишано?“, го праша Макрон францускиот напаѓач, а тој кимна со главата како потврда.
Потоа, Макрон го праша Мбапе кога се ќе биде официјализирано, а тој одговори:
„Вечерва, вечерва“.
Во Реал го чекаа крајот на сезоната и одигрувањето на финалето на Лигата на шампионите, за да го објават трансферот на Мбапе.
🚨🇫🇷 Kylian Mbappé confirming to French president Emmanuel Macron that his move to Real Madrid will be ANNOUNCED today. pic.twitter.com/Sn7U2sg53l
— KMZ (@KM10Zone) June 3, 2024
Спорт
УЕФА ги избра најдобрите 11 и најдобриот играч во Лигата на шампионите
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на стадионот „Вембли“ и ја освои Лигата на шампионите. За Реал ова е 15-та европска титула во историјата, додека Борусија остана на една, освоена во 1997 година. Стрелци беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Во него има по четворица играчи од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а играчот на Реал Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч, додека неговиот соиграч Џуд Белингем е прогласен за најдобар млад играч во Лигата на шампионите.
Тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Грегор Кобел (Борусија Дортмунд);
Дани Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Јан Маатсен (Борусија Дортмунд);
Марсел Сабицер (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Џуд Белингем (Реал Мадрид);
Фил Фоден (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Спорт
Зелено светло од УЕФА за Јунајтед, Сити, Ница и Џирона
УЕФА ќе им дозволи на Ница и Џирона, наредната сезоната да учествуваат во нејзините натпреварувања. Ница ќе игра во Лига Европа, а Џирона во Лигата на шампионите.
Манчестер јунајтед и Ница се во сопственост на „Инеос“ и нејзиниот шеф Џим Ретклиф. Двата клуба изборија пласман во Лига Европа, Англичаните со освојување на ФА Купот, а Ница како петтопласирана во Лига 1.
УЕФА во март потврди дека доколку два клуба со ист сопственик се квалификуваат за исто натпреварување, само еден ќе може да учествува.
Нормално, тоа би било случај со тимот што заврши подобро во националниот шампионат, што во овој случај е Ница, бидејќи Манчестер јунајтед беше осми. Сепак, Јунајтед го освои ФА Купот што им дава директен влез во натпреварувањето.
„Тајмс“, пренесува дека УЕФА му дала зелено светло на Јунајтед да игра во Лига Европа. Дозвола добила и Ница но под одредени околности.
Весникот пишува дека на Ница ќе работи под целосен надзор на панел формиран од УЕФА. Тој модел сезонава беше применет во случајот на Милан и Тулуз и нивниот сопственик од САД, компанијата „Red Bird Capital“.
Исто така, на клубовите им беше кажано дека сезоната ќе се смета за преодна и дека нема да има слични исклучоци во иднина.
Тоа практично значи дека и на Манчестер сити и Џирона ќе им биде дозволено да играат во Лигата на шампионите.
Џирона, како Ница, исто така ќе мора да биде контролирана од панелот на УЕФА.
Најголемото изнедување во Шпанија оваа сезона е дел од „Сити групата“.