Спорт
По Евровизија, време е за фудбал на Дизелдорф арената
Дизелдорф арената откако беше домаќин на Евровизија и место каде беше соборен светскиот рекорд по број на навивачи на еден ракометен натпревар, дојде време мултифункционалниот стадион за прв пат да биде сцена на големо фудбалско натпреварување.
Капацитетот на „Дизелдорф арената“ за натпреварите на Европското првенство е 47.000 седишта.
Изградбата на модерниот дом на фудбалерите започна во 2002 година и траеше две години. Новиот објект е изграден на местото на некогашниот „Рајнестадион“, во близина на реката Рајна.
Стадионот има подвижен покрив и систем за греење, па во текот на целата година е удобен и мултифункционален објект кој освен фудбалски натпревари може да биде домаќин на многу други настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија
Фудбалскиот клуб Џенова е ставен на продажба, објави извршниот директор Андрес Бласкез.
Членот на Серија А е во сопственост на американски инвеститори (групата 777 Пантерс), тие го купија клубот пред три години и го вратија во елитните редови по испаѓањето во Серија Б.
Бласкез не можеше да им вети на навивачите дека нема да има продажба на играчи, но тврди дека клубот ќе остане финансиски стабилен и покрај промената на сопственичката структура.
Џенова е основана во 1893 година и е најстариот клуб во Италија кој сè уште постои. Во текот на нивната долга историја девет пати биле шампиони, а последен пат пред точно 100 години.
Сезонава под палката на Алберто Џилардин се на 17. место во Серија А.
Спорт
Евра: Мбапе се уште не е на нивото на Бензема
Селекторот на Франција Дидие Дешамп не го повика Килијан Мбапе (25) за натпреварите од Лигата на нации против Израел на 10 октомври и Белгија на 14 октомври. Дешам изјави дека не сака да ризикува со напаѓачот на Реал Мадрид, кој во последно време има проблеми со повреди.
Пензионираниот француски дефанзивец Патрис Евра (43) го коментираше изоставувањето на Мбапе од списокот на репрезентативци во програмата на радио Монте Карло.
„Не е само Дешам, туку цела Франција му даде премногу на Мбапе. Сите го претворивте во легенда. Со сета почит што ја имам кон Мбапе, тој се уште не е на нивото на Карим Бензема“, смета Евра, кој забележа 81 настап за Франција, а освои 20 трофеи со Манчестер јунајтед и Јувентус.
Покрај тоа што играше за Монако, ПСЖ и Реал, Мбапе одигра одлични партии и за националниот тим. Тој има постигнато 48 гола на 86 настапи и го освои Светското првенство во 2018 година, Лигата на нации во 2021 година и играше во финалето на Светското првенство во 2022 година.
„Ако го повикате Мбапе и тој се повреди, ќе ги расипете односите со Флорентино Перез. Реал не е ПСЖ, не можете да ризикувате“, заклучи Евра.
Да потсетиме, Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид и еден од најдобрите француски фудбалери стави крај на репрезентативната кариера.
Спорт
Инзаги го откачил Манчестер јунајтед
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, нема намера да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер јунајтед, објавија италијанските медиуми.
Навосно луѓе од Манчестер јунајтед го контактирале Инзаги кој експресно добил било какви разговори. Тренеот кој минатата сезона на Интер му ја донесе 20.титула во Серија А има цврст договор со клубот.
Инаку, Јунајтед се подготвени да го отпуштат Ерик Ден Хаг, а веројатно тоа ќе се случи доколку утре не успее да ја победи Астон Вила во Бирмингем.
Откако Инзаги ја одбил понудата, како можни кандидати се споменуваат Холанѓанецот се споменуваат Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.