Спорт
По Фабрегас, и Тјери Анри ќе стане акционер на Комо

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Тјери Анри, ќе се обедини со Цеск Фабрегас откако и тој се подготвува да стане акционер во италијанскиот второлигаш Комо.
Фабрегас му се приклучи на Комо во изнендувачки трансфер од Монако потпишувајќи двегодишен договор и стана акционер на тимот во новиот проект во Ломбардија, каде што генерален директор е поранешниот фудбалер на Челси, Денис Вајс. Според Џанлука ди Марцио, Анри набргу ќе го посети Комо за да ја потврди одлуката.
Комо има неверојатен раст од воскреснувањето на тимот во 2017 година. Поради финансиски проблеми, клубот беше пратен во Серија Д во сезоната 2017/2018 по што се вратија во професионлниот фудбал по победата во својата група. Оваа година клубот беше купен од индонезискиата компанија „Џарум групација“, предводена од милијардерите Мајкл Хартоно и Роберт Буди Хартоно.
Non solo #Fabregas, anche #Henry diventerà azionista del @Como_1907 https://t.co/YcbB7nHSYh
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпик Марсеј му приреди победничко деби на Тудор

Олимпик Марсеј победнички го стартуваше новиот шампионат на Франција, со надеж дека може да му парира на ПСЖ. Фудбалерите му приредија победничко деби на тренерот Игор Тудор на „Велодром“ откако со 4:1 го совладаа Реимс.
Фаес си даде автогол на самиот старт на мечот, а Нуно Тавареш зголеми на 2:0 пред полувремето.
Во вториот дел, Луис Суарез беше стрелец на два гола, а почесниот погодок за гостите беше дело на Фоларин Балогун.
Спорт
Левандовски постигна првенец, Барса блескаше на „Гампер куп“

Барселона е подготвена за почетокот на новата сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Традиоционално, последниот тест е „Гампер куп“ на „Камп Ноу“, а вечерва каталонскиот гигант го совлада Унам Пумас со 6:0.
Полскиот голгетер Роберт Левандовски погоди во третата минута и го постигна првенецот, а Педри зголеми на 2:0 само две минути подоцна. До крајот на првиот дел погодија и Осман Дембеле и повторно Педри.
Во второто полувреме Обамејанг и Френки де Јонг дадоа глазура на убедливиот триумф.
Спорт
Мората го растури Јувентус, Алегри го сака назад во Торино

Атлетико Мадрид во пријателски натпревар го декласираше Јувентус со 4:0, а првите три гола ги постигна поранешниот, а можеби и иден играч на Јувентус, Алваро Мората.
Тој во десеттата минута првпат ја погоди мрежата на „старата дама“. На 2:0 зголеми во 43. минута, а хет-трикот го комплетираше во 62. минута.
Конечниот резултат го постави Куња во 92. минута.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се обидува да го врати Мората во Торино, а тој го потсети за каков врвен напаѓач се работи. Сепак, Атлетико ќе се согласи на договор само доколку комплетно го продаде 29-годишниот шпански фудбалер.
Мората последните две сезони ги мина на позајмица во Јувентус, а особено беше успешен во последната. Атлетико бара околу 35 милиони евра за Мората.