Спорт
По Реал Кадиз ја победи и Барселона

Кадиз забележа уште една сензационална победа во Ла Лига. По триумфот во Мадрид над Реал, Кадиз вечерва забележа триумф и против Барселона (2:1). Кадиз го запиша петтиот триумф во сезоната, додека Барселона го претрпе четвртиот пораз, во само десет одиграни натпревари.
Барса, по убедливите победи над Осасуна во Ла Лига и Ференцварош односно Динамо Киев во Лигата на шампионите, против Кадиз повотрно ги демонстрираше сите свои слабости.
Каталонците доминираа во поседот, константно напаѓаа, но успеаја да постигнат само еден гол. Мора да се истакне дека најголемо влијание за ваквиот резултат имаше голманот на Кадиз, Ледезма, кој имаше осум интервенции.
Дека Барселона нема по добро да памети гостувањето во Кадиз, најави Хименез во осмата минута, кога од непосредна близина ја смести топката во голот, по грешката на Мингуеза.
Она што не успеаја играчите на Барселона кога ја имаа иницијативата, им успеа на домашните играчи. Еден од најдобрите во тимот на Кадиз, Алкала си постигна авто-гол во 57.минута.
Шест минути подоцна, лошата комуникација помеѓу Ленгле и Тер Штеген ја искористи ветаранот Алваро Негредо кој погоди за 2:1. Негредо постигна гол од својот прв контакт со топката.
До крајот на мечот Барса напаѓаше, Пјаниќ промаши одлична шанса во 86 минута, Меси не успеа од слободен удар, па резултатот остана непроменет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сара Томас прва жена која ќе суди на Супербоул

Прв пат во историјата една жена ќе суди во финалето на Супербоул. Финалниот меч во американскиот фудбал (НФЛ) е еден од најголемите спортски настани во светот.
Годинава, спектаклот ќе го збогати и Сара Томас, која ќе стане првата жена, која ќе ја дели правдата во финалето.
„Нејзиното елитно судење и посветеност во досегашната работа и овозможија да стане дел од историјата и да добие шанса да суди на Супербоул. Честитки за Сара“, рекол еден од челниците на НФЛ лигата, Тори Винсент.
Оваа сезона е историска за НФЛ, бидејќи прв пат се случи на еден натпревар комплетната судиска постава да ја сочинуваат афро-американци.
Супербоулот ќе се игра во ноќта помеѓу 7. и 8.февруари.
Sarah Thomas will become the first woman ever to officiate a Super Bowl.
Another barrier broken. @brgridiron pic.twitter.com/WVUuv8Qzrq
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 19, 2021
Спорт
Јокиќ до „дабл-дабл“ за три четвртини

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни само два натпревари. Победи забележаа екипите на Денвер Нагетс и Јута Џез.
Деневр ја декласира Оклахома сити Тандер со 119:101. Натпреварот во Колорадо беше решен по три четвртини кога Денвер имаа предност од 29 поени.
Победникот го предводеше Никола Јокиќ со 28 поени, 12 скока и 6 асистенции. Српскиот центар не влегуваше на паркетот во последната четвртина. Јокиќ, покрај Домантас Сабонис од Индијана Пејсерс, се единствените играчи во лигата, кои на досегашните одиграни натпревари бележат „дабл-дабл“.
Јута на сличен начин ги победи Њу Орлеанс Пеликанс. Победникот беше решен многу пред крајот. Џезерите славеа со 118:102. Најефикасни во победата беа Донован Мичел со 28 и Џорадан Кларксон со 18 поени.
Спорт
Специја ја елиминираше Рома во драматичен меч со два црвени картони за 30 секунди

Специја ја елиминираше Рома во осминафиналето од Купот на Италија со 4:2 победа по продолженија, иако „волчицата“ се врати од 0:2 негатива, по што доби два црвени картони во продолжението за 30-тина секунди. Следен за Специја во четврт-финалето е тимот на Наполи.
Специја го шокираше фаворитот на „Олимпико“ со два гола во првите 15 минути. Бугарскиот напаѓач Андреј Галабинов во петтата минута беше прецизен од белата точка, пред Рикардо Сапонара во 15-тата минута да зголеми на 0:2.
Лоренцо Пелегрини во 43. минута, повторно со удар од белата точка, намали на 1:2, пред Хенрик Мхитарјан во 73. минута да израмни на 2:2. Потоа следуваше шокот за Рома во продолжението – Џовани Манчини доби втор жолт картон во 92. минута, а веднаш потоа директен црвен заслужи голманот Пау Лопез. Со 9 играчи, Рома не можеше да се спротистави, и Специја во четврт-финалето ја однесе Даниеле Верде во 107. минута, пред Сапонара во 119. минута да ги „дотепа“ римјаните.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира