Спорт
По спектакуларниот натпревар во Бундес-лигата, полицаец пукал во комбе на навивач

Неверојатен натпревар полна со пресврти и со осум гола и гол за нереални 4:4 во 97.минута, се одигра во првото коло од Бундес лигата. Фудбалерите на Аугсбург на домашен терен губеа со 0:2 од Борусија Менхенгладбах во 27. минута, 1:3 во 37. минута, а откако домашниот тим направи нестварен пресврт, гостите бод спасија во 97.минута од натпреварот.
Меѓутоа, додека овие два клуба го играа еден од најспектакуларните натпревари во последно време, надвор од стадионот се случи бизарен инцидент.
Имено, еден полицаец, наводно, случајно пукал во комбето на навивач на Борусија. За среќа во моментот на инцидентот немало никој во комбето, но од истрелот се здобиле со траума тројца полицајци, додека еден се здобил со гребаница.
Според полицискиот извештај, до пукањето дошло околу 17 часот и 30 минути, веднаш по завршувањето на средбата, а освен комбето било оштетено и едно полициско возило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Витсел како слободен играч се пресели во Џирона

Аксел Витсел (36) како слободен играч го напушти Атлетико Мадрид. Се очекуваше да потпише договор со Удинезе, но во последен момент ја смени одлуката. Белгиецот реши да остане во Шпанија.
Аксел Вотсел наредната сезона ќе го носи дресот на Џирона. Тој ќе потпише двегодишен договор со каталонскиот клуб. Изминатите три сезони ги помина во Атлетико Мадрид, за кој одигра 116 натпревари и постигна три гола.
Спорт
Спарс замената за Сон ја најдоа на „Етихад“

Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо.
Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции.
Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. Сити ја одби првата понуда со образложение дека сака повеќе.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, бидејќи Бразилецот сака трансфер, со оглед на тоа што не му е загарантирано место во првата поставата.
Спорт
Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља.
Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола.
„Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража.
„Во февруари 2025 година, општината го предупреди српскиот ас да ги отстрани неправилностите во рок од два месеци – што не се случи. Ова е трета казна откако купи вила во Марбеља во 2020 година, а вкупната сума сега изнесува 15.000 евра“, пишува „Нова“.
Ве потсетуваме дека Ѓоковиќови се заљубиле во вилата додека престојувале во Марбеља како закупци, плаќајќи околу 10.000 евра неделно. во 2024 година.