Контакт

Спорт

По трилер-трката во Франција, Хамилтон и Ферстапен зборувале за фризурите

Објавено пред

Иако во јавноста, нивните шефови честопати се јавуваат со зајадливи коментари, односите помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен се необично опуштени, како што покажува примерот по трката во Франција минатиот викенд.

Асот на Ред бул, Ферстапен го помина светскиот шампион на Мерцедес, Хамилтон во претпоследниот круг во една од најинтересните и највозбудливите трки оваа сезона, но по трката немало тензија, туку разговор за фризурата на Хамилтон.

Новинарот Том Кларксон, кој е задолжен за организација на прес-конференциите по трката, открива како течел разговорот.

„Пред да се вклучат камерите, Макс и Луис си разговараа. Луис почна со брзината на Макс на рамните делови, но Макс ја смени темата за неговата фризура. Прашуваше како ја прави фризурата. Луис одговори дека негов пријател доаѓа еднаш неделно да го среди. Само што ја загуби трката од Макс, но атмосферата беше опуштена, хармониична. Неверојатно. Сигурно не е толку опуштено кога зборуваат Кристијан Хорнер и Тото Волф“, вели Кларксон.

Спорт

Сензационална победа на Џејкоби, двојни победи за Русија и Велика Британија

Објавено пред

Трет ден на пливачките натпревари, на Олимписките игри во Токио. Златни медали освоија Том Дин на 200 слободно, Евгениј Рилов и Кајли Мекион на 100 грбно и Лидија Џејкоби на 100 градно.

Британецот Том Дин, во изворедна трка, го освои златото на 200 метри слободно, пред сонародникот Данкан Скот и Бразиелцот Фернандо Шефер. Дин победи со време 1:44.22 минути.

Австралијката Кајли Мекион ја оправда фаворитската улога на трката на 100 метри грбно. Мекион славеше со време 57,47 секунди. Ова време е за само две стотинки побавно од нејзиниот светски рекорд.

Кајли Мас од Канада го освои второто, а Американката Реган Смит заврши како трета.

Во истата оваа дисциплина, но во машка конкуренција, двојна победа забележаа Русите. Златниот медал му припадна на Евгениј Рилов, кој со резултат 51,98 секунди, постави нов европски рекорд на 100 метри грбно. Неговиот сонародник, Клименти Колесникотв, задоцни за две стотинки, додека бранителот на златото од пред пет години во Рио, Рајан Марфи го освои бронзениот медал.

На 100 метри градно големо изненадување приреди Американката Лидија Џејкоби. Во конкуренција на фаворизираните Лили Кинг и Татјана Шонмакер, таа го освои златниот медал со време 1:04.95 минути. Шонмакер го освои второто, а Кинг третото место.

Прикажи повеќе...

Спорт

Георгиевски избори пласман во полу-финалето на ОИ

Објавено пред

Дејан Георгиевски избори пласман во полу-финалето на Олимписките игри. Македонскиот репрезентативец во таекводно, забележа победа над Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4.

Герогиевски претходно, забележа победа над светскиот првак, Кубанецот Алба Кастиљо со 11:8.

Полу-финалето на програмата е во 9:45 часот. Противник на Герогиевски ќе му биде репрезентативецот на Јужна Кореја, Ин.

Прикажи повеќе...

Спорт

Осака елиминирана од ОИ

Објавено пред

Наоми Осака го заврши својот настап на Олимписките игри во Токио. Домашната надеж загуби во третото коло од Маркета Вондрушова.

Вондрушова убедливо победи во два сета (6/1, 6/4).

Осака на овој ме направи 32 неизнудени грешки, а имаше само 22 винери. Ист број на винери имаше и чешката тенисерка, но таа направи 22 грешки помалку.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа14 минути

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт2 часа

Георгиевски избори пласман во полу-финалето на ОИ

Дејан Георгиевски избори пласман во полу-финалето на Олимписките игри. Македонскиот репрезентативец во таекводно, забележа победа над Сејду Гбане од Брегот...

Македонија2 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет13 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа13 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа13 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа14 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион15 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија20 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија21 час

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија22 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија23 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија23 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа24 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 ден

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет1 ден

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија1 ден

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија2 дена

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион2 дена

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Досие