Спорт
Почетино едвај се созеде да даде интервју: Моите момци се херои! (видео)
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино едвај се созеде и дури во вториот обид даде интервју за британската „БТ спорт“, бидејќи првпат не можеше да ги спречи солзите.
Човекот кој пред пет години дојде во Тотенхем со надеж дека ќе го крене тимот во топ 4 во моќната Премиер лига, сега ќе патува на големото финале од ЛШ. И покрај тоа што во два преодни рока немаше ниту едно засилување, и покрај тоа што Тотенхем само го одложуваше селењето на новиот стадион, и покрај отсуството на Хери Кејн…
„Уште ми е тешко да зборувам. Малку ме понесоа емоциите. Благодарам на фудбалот, благодарам на моите фудбалери, тие се вистински херои. Цело време кажувам дека моите фудбалери се херои и сега тоа го знаат сите. Беше тешко, но ова е магично натпреварување. Сите мои фудбалери се херои, но Лукас Моура е супер-херој“, изјави Почетино, по што повторно го понесоа емоциите.
“Thank you football. Thank you my players, they are heroes.”
“Without football it is impossible to live.”
No, thank you ?
Mauricio Pochettino cries during his post-match interview with @DesKellyBTS.
This means everything to him… pic.twitter.com/ArpQwwnwDH
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 8, 2019
Mauricio Pochettino crying at full-time this evening as #thfc reach the @ChampionsLeague final. pic.twitter.com/0iewWIDt4K
— Hotspur Related (@HotspurRelated) May 8, 2019
Everybody okay? ?
An emotional Mauricio Pochettino has just spoken after his side’s incredible Champions League fightback.
Live reaction: https://t.co/DySGz9EEis #UCL #AJATOT pic.twitter.com/tWeZa1wKjn
— BBC Sport (@BBCSport) May 8, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бајката продолжува, Боде/Глимт втор пат го победи Интер
Фудбалерите на Боде/Глимт ја комплетираа сензацијата, го елиминираа Интер и ќе играат во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По победата минатата недел, на домашен терен 3:1, вице-првакот на Норвешка победи и на „Џузепе Меаца“ со 2:1.
Боде/Глимт е најубавата приказна оваа сеозна во Лигата на шампионите. Клубот од северот на Норвешка, сезонава успеа да ги победи Манчестер сити, Атлетико во Мадрид и два пати Интер.
Ланскиот финалист, во реваншот во кој бркаше победа од најамалку два гола разлика ( за продолжение), само ја потврди лошата сезона во Лигата на шампините. Тимот на Кристијан Киву загуби пет од последните шест натпревари, а поразот од Боде/Глимт беше трет во низа во елитното натпреварување.
Статистиката вечи дека играчите на Интер изведоа 16 корнери, уаптија 30 удари кон голот на Хаикин, но таквата игра им донесе малку сериозни шанси за постигнување гол.
Откако Боде/Глимт се одбрани во првиот дел, во втроито дел малку ја отвори својата игра. Сето тоа беше без преголем ризик, со цел да се изнуди грешка на противникот.
Грешката ја дочекаа во 58-та минута, почетнички кикс на Аканџи, Зомер го одбрани првиот удар, но не и вториот на Хауге. Шеснаесет минути подоцна, филигрантска акција на Норвежаните, асистенција на Хауге и гол на Евјен.
Се што направи Интер до крајот е да постигне гол и да ја спаси честа. Голот е дело на Алесандро Бастони во 78-та минута.
Боде/Глимт во осминафиналето ќе играат против Спортинг или Манчестер сити.
Покрај Боде/Глимт и претходно Атлетико Мадрид, пласман во осминафиналето изборија Баер Лверкузен и Њукасл.
Спорт
Вардар 1961 го победи Мелсунген
Ракометарите на Вардар 1961, го победија Мелсунген во Групата 3 со 37:33 (18:19) во Лига Европа
Вардар 1961, против гостите кои дојдоа во Скопје без речиси половина тим, одигра лошо прво полувреме, но сите грешки успеаја да ги исправат во вториот дел и забележаа важна победа во борбата за пласман во четвртфиналето.
Мелсунген, без респект влезе во мечот, ги користеше слабсѕите во одбраната на црвено=црните и на половина од првиот дел имаа водство 4:10.
Вардар 1961, дури во финишот на првиот дел успеа да се консолидира и да дојде на само гол негатива.
Вториот дел Вардар го одигра далеку подобро, пред се во одбраната, а пресуди серија од три гола по 45-та минута.
Вардар до победата го предводеа Јака Малус со десет и засилувањето од Војводина, Вукашин Воркапиќ со девет погодоци, кои беа нерешлива енигма за германската одбрана.
Наредната рунда, го носи клучниот дуел за Вардар 1961 во борбата за пласман во Топ 8. Во Скопје ќе гостува Бенфика.
Спорт
Мбапе не игра против Бенфика
Реал Мадрид без Килијан Мбапеќе го одигра реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. Реал утре од 21 часот ќе го пречека португалскиот тим. По првиот меч клубот од Мадрид има предност 1:0.
Килијан Мбапе, стрелец на 38 голови од почетокот на сезоната, натпреварот со Бенфика ќе го пропушти поради повреда на левото колено.
Оваа сезона покажа и колку голем проблем може да биде тоа за Реал, бидејќи додека беше повреден, загуби од Албасете во Купот на Кралот, го загуби и Суперкупот од Барселона затоа што беше повреден, иако играше 15 минути, како и од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Колку Реал зависи од Мбапе оваа сезона покажува еден интересен факт. Французинот не постигна гол само во 10 од 33 натпревари што ги одигра оваа сезона. Од тие 10, Реал не победи во седум натпревари.
Foto/ depositphotos

