Спорт
Почетино „намириса“ отказ за Грем Потер за да го преземе Челси

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино, чека шанса да го преземе Челси, доколку сопствениците во брзо време решат да се разделат со Грем Потер.
Според англиските медиуми, управата на Челси му одредила рок на 47-годишниот стручњак драстично да ја промени ситуацијата со резултати и перформанси до крајот на овој месец. „Сините“ не играат според очекувањата, а лошите резултати на Челси под водство на Потер го ставија младиот стручњак под голем притисок.
Почетино е без работа од јули, кога беше ослободен од Пари Сен Жермен, па иако во моментов се верува дека Тод Боели нема намера толку брзо да го отпушти Потер, сепак, ако лошата серија продолжи тој би можел да замине.
Аргентинецот е подготвен веднаш да ја прифати работата доколку Тод Боели го побара, а неговото минато во Тотенхем нема да биде пречка, тврдат медиумите на Островот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клупско СП: Палмеирас славеше во бразилското дерби во продолженијата

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот Линколн Фајненшл Филд во Филаделфија заврши со резултат 1:0 (0:0, 0:0).
Победникот е одреден дури по продолженијата откако по 90 минути игра немаше голови. Стрелец на одлуката беше Паулињо во 100. минута. Палмеирас по 90 минути имаше далеку повеќе удари кон голот (16:4), но идната ѕвезда на лондонскиот Челси, 18-годишниот „вундеркинд“ Вилијан Естевало и останатите фудбалери во зелени дресови не најдоа пат до мрежата на Ботафого во регуларниот дел.
Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.