Спорт
Почина бразилскиот фудбалер кој доби срцев напад на натпревар (вознемирувачко)

Алекс Аполинарио, 24-годишниот бразилски фудбалер на португалскиот клуб Алверса почина четири дена откако доби срцев напад сред натпревар во неделата и веднаш беше поставен во медицински индуцирана кома.
Фудбалерот од средниот ред на Алверса, колабираше на теренот по помалку од час игра, по што добиваше медицинска помош со дефибрилатор 25 минути пред да биде однесен во болницата „Вила Франка де Чира“. Од клубот објавија дека ќе ја дадат целосната поддршка на семејството на Аполинарио и објавија дека ги стопираат сите активности.
Аполинарио пристигна во Португалија од фудбалската академија на Крузеиро, клубот од Сао Пауло. Еден од најдобрите моменти во кариерата му беше кога постигна гол за третолигашот Алверка во куп-победа над гигантите Спортинг Лисабон во 2019 година.
Alex Apolinário (Alverca player) fell unconscious on the field | Alverca vs União de Almeirim pic.twitter.com/J5T5fNXWf4
— NXEN (@NXXEEN) January 3, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Куман: Не е вистина дека моите фудбалери се алчни за пари

Роналд Куман демантира дека фудбалерите на Барселона барале премногу пари во своите договори по финансиската криза, која го погоди светскиот фудбал поради пандемијата на Ковид-19, а која особено удри на каталонскиот гигант.
Најголемиот проблем, секако, е затворањето на стадионите, со што се скрати огромен дел од приходот на големите клубови, а Барселона е должна милијарда евра и според последните финансиски извештаи уште не исплатила 19 фудбалери, кои направиле трансфери.
Од трошоците на клубот, неверојатни 74 отсто паѓаат на платите на фудбалерите и тука се презедоа мерки со краткорочно намалување на платите и Куман вели дека неговите фудбалери не се алчни, туку имаат разбирање на клубот.
„Барса страда многу од Ковид-19 и од економската ситуација да се игра без фанови, а туризмот исто така е речиси непостоен. Фудбалерите се исто толку загрижени како сите други и не знам дали го чинат премногу клубот, но клубот нуди договори, а фудбалерите ги одбиваат или прифаќаат. Сите му помогнавме на клубот со намалувањето на нашите плати. Затоа не може да се зборува за алчност“, вели Куман пред мечот од Копа дел реј со Рајо Валјекано.
Спорт
Балотели не го сакаат ни во родниот град: Ти си човек без достоинство!

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Италијанецот Марио Балотели повторно е во центарот на вниманието. Неговиот нов клуб Монца неодамна гостуваше во Бреша, на стадионот „Марио Ригамонти“ во меч од Серија Б.
„Кориере дела Сера“ пишува дека Балотели не можел да се паркира во внатрешниот дел од стадионот, па морал да бара паркинг надвор од стадионот.
Пред стадионот бил дочекан со транспарент со кој навивачите на Бреша му порачале дека тој нема достоинство.
„Постојат играчи кои го сакаат овој град, а ти за нас ништо не вредиш. Ти си човек без достоинство“ гласела пораката.
Поранешниот репрезентативец на Италија е роден во 1990 година во Палермо, но израснал во Бреша каде настапуваше до неодамна. Сепак, кога тимот почна да бележи лоши резултати, Марио на полусезона го напушти клубот и ги остави „на цедило“, што навивачите не му го заборавиле, а очигледно не му го ни простиле.
Спорт
Чупиќ: Данска и Норвешка најголеми фаворити за финале, ќе решава една топка

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ, десното крило на скопски Вардар, по враќањето на својата селекција во татковината, ги искажа импресиите по одиграниот шампионат.
„Не може да е добро кога не отидовме во четврт-финале, одигравме многу лош меч со Данска и резиме на сè е дека требаше и можеше подобро. Ни недостигаше од сè по малку – и одбрана, и транзиција, и напад, и играчи и помалку повреди. Не треба да се бара алиби затоа што овој резултат е нашата реалност“, рече Чупиќ за хрватските медиуми по доаѓањето во Загреб.
Хрватскиот репрезентативец одигра на мундијалот помалку од 2 часа, а своето најдобро издание го имаше против Аргентина (Хрватска доживеа пораз од „гаучосите“) со 7 гола. Играчот за кој се споменува дека ќе го напушти црвено-црниот дрес и ќе се врати во редовите на Загреб го прогнозира и изгледот на финалната двојка на шампионатот.
„Норвешка се подигнува, Франција се мачи, но секогаш е Франција, Данците изгледаат самоуверено и моќно, Шпанците знаат да играат важни мечеви, и тоа се главните 4 фаворити. Ги гледам Данците и Норвежаните како најголеми фаворити иако ќе одлучува една топка“, смета хрватскиот ракометар.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот