Спорт
Почина легендарниот Џорџ Форман

Легендарниот боксер Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст.
Форман имаше богата боксерска кариера, го освои олимпиското злато во 1968 година, а имаше и две светски титули во тешка категорија.
Интересно е што втората титула ја освои на 45 години и со тоа стана најстариот шампион во историјата.
Форман ја загуби првата титула од Мухамед Али во легендарната борба „Rumble in the Jungle“ во 1974 година, а во професионалната кариера имаше 76 победи, од кои 68 со нокаут. Тој се повлече од боксот во 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црна Гора не дозволи сензација во Никшиќ, го победи Гибралтар
Црна Гора со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Во Никшиќ, во првиот меч во Л групата, Црногорците потешко од очекувањата го победија Гибралтар со 3.1
Гибралтар го шокираше стадионот во Никшиќ во 13. минута од натпреварот кога поведе со голот на Бент.
Во 22. минута искусниот Стеван Јоветиќ ги врати работите во нормала и погоди за 1:1 на асистенција на Шипчиќ.
Во следните минути, Црна Гора се мачеше да го сруши бедемот на Гибралтар. На пет минути пред крајот на првото полувреме, избраниците на Роберт Просинечки за малку ќе доживеат нов шок, бидејќи Бернардо Лопеш шутираше одлично од далечина, топката заврши во стативата.
Во вториот дел Црногорците се мачеа, немаа идеја како да одговорат на дефанзивата на противникот се до 70.минута кога Јанковиќ нафрли, а Тучи погоди за 2:1.
По голот на Тучи, Црна Гора набрзина постигна и трет гол, а погодокот го постигна Марушиќ во 73. минута.
Во второто коло во вторник, на 25 март, Црно Гора ќе ги пречека Фарски Острови. Во оваа група се и Чешка, односно поразениот од од дуелот од Лигата на нации меѓу Хрватска и Франција.
Спорт
Санчо нема да остане на „Стенфорд Бриџ“

Џејдон Санчо се уште е играч на Манчестер јунајтед на позајмица во Челзи, клубот од „Станфорд Бриџ“ има право да го купи на крајот од сезоната за околу 25 милиони фунти, што е многу помалку од парите што „црвените ѓаволи“, платија за него.
Иднината на Санчо во овој момент е неизвесна. Англичаните тврдат дека Челси нема да го откупи неговиот договор, а сигурно е дека Јунајтед не смета на него.
Санчо започна одлично, одигра неколку добри натпревари на почетокот на сезоната, изгледаше одлично во декември кога го постигна победничкиот гол против Тотенхем, но по тој 8. декември едноставно „исчезна“.
Оттогаш Санчо е без гол и со само една асистенција, а настапи на сите 14 натпревари што ги одигра Челси.
Позајмицата на Феликс значеше дека Санчо ќе добие голема минутажа, но тој очигледно не ја искористи.
Спорт
Аталанта ќе го откупи договорот на Косуну од Баер Леверкузен

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец.
Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото.
Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“.
Баер од трансферот ќе заработи 25 милиони, дознава „Билд“.
Косуну во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари за Аталанта.
Тимот предводен од Џанпјеро Гасперини е на третото место во Серија А со 58 бодови, додека Интер е лидер со шест повеќе.