Контакт

Спорт

Почина легендарниот тренер на Јута, Џери Слоун!

Објавено пред

Џери Слоун, легендарниот тренер на Јута џез и поранешен НБА кошаркар почина на 78 години, откако од 2016 година се бореше со Паркинсоновата болест и деменцијата.

Слоун е еден од најлегендарниот тренери во НБА историјата и четврти на листата на тренери со најмногу победи (1.221). Помеѓу тренерите кои имаат барем 500 натпревари во лигата, тој е деветти со просек од 60.3 отсто победи.

Слоун помина 23 сезони со Јута, и заедно со Грег Попович од Сан Антонио, се единствени тренери со 1.000 победи со еден тим. Во 26 сезони, од кои три помина со Чикаго булс, тој имаше само три „лузерски“ сезони.

Тој се повлече од спортот во 2010/11 и покрај тоа што газдите на Џез се обидоа да го убедат да ја комплетира сезоната.

Слоун ги предводеше Џез до пласман во плејофот во 13 сезони со најмалку 50 победи. Со Карл Мелоун и Џон Стоктон на теренот, Џез победија двапати во Западната конференција, но ги загубија финалињата од Чикаго булс предводен од Мајкл Џордан. Слоун влезе во Куќата на славните во 2009 година.

Спорт

Кеита Балде ќе им помага на имигрантите во Каталонија

Објавено пред

Фудбалерот на Монако, Кеита Балде вели дека ќе ја плати киријата на 200 сезонски работници кои останаа без покрив над глава во градот Леида во Каталонија, тврдејќи дека поради расизмот локалните хотели одбиле да помогнат.

25-годишниот Балде  е роден во Каталонија, но настапува за сенегалската фудбалска репрезентација, земја од каде се повеќето работници кои собираат овошје во областа на Леида.

„Тие спијат на улица, без храна, без ништо. Повеќето од нив работат 12 часа дневно без прекин поради корона вирусот. Повеќето се Сенегалци, така што сакав да помогнам и да направам нешто. Не сакам конфликти, туку решенија. Помогнав со храна, со сместување и облека. Сакав да го направам тоа анонимно, но морав да проговорам за да најдам место каде да се сместат“, напиша Балде на Инстаграм.

Балде, кој играше за Барселона во младинските тимови, пред да се пресели во Лацио, па во Монако, вели дека веќе пронашол сместување за 90 луѓе.

„Најдовме една локација, а сега бараме втора. Јас сум роден во Каталонија, играв за Барса, а потоа играв и во Италија и Франција и никогаш немав проблеми со расизмот. Ако работиме заедно ќе го направиме светот подобар“, додава Балде.

Прикажи повеќе...

Спорт

Писмата до Борисов вродија со плод – Бугарија ја рестартира лигата со гледачи

Објавено пред

Бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев, изјави дека на стадионите во оваа земја може да има гледачи кога ќе се рестартира Првата лига в петок.

Како и во повеќе европски земји, фудбалот во Бугарија беше стопиран во средината на март и сега ќе продолжи со скратен формат. Бугарската влада првин објави дека на трибините нема да може да има гледачи, а по понеделничкото писмо од десетина фан-клубови до премиерот Бојко Борисов одлуката е сменета.

Според Ананиев, на стадионите ќе бидат дозволени гледачи, но само до 30 отсто од капацитетот на стадионите.

Лудогорец, шампионот во последните осум сезони, е на првото место на табелата со 55 поени од 23 меча, 9 поени пред Локомотив Пловдив, Левски Софија и ЦСКА Софија.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИФА ќе дозволува протести за Џорџ Флојд

Објавено пред

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, се приклучи на спортските лиги, тимовите и спортистите од целиот свет, кои се придружија на протестите по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, најавувајќи дека протестите што фудбалерите ги прават на терените ќе бидат дозволени и покрај тоа што обично сите политички гестови се казнуваат.

Во САД лигите НФЛ, НХЛ и НБА објавија соддржини барајќи расна еднаквост, но бејзбол-лигата МЛБ уште не се јави, а дури 60 отсто од професионалните американски клубови дадоа слични објави.

Протести имаше и во фудбалот во германската Бундеслига во текот на викендот кога Џејдон Санчо и Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах прославуваа со гестови за Флојд, а Германската фудбалска федерација (ДФБ) објави дека ги разгледува инцидентите.

ФИФА, која секогаш била стриктно против личните ставови на фудбалерите за политиката, религијата или социјалните прашања, овој пат побара од организаторите на натпреварувањата да имаат здрав разум за потенцијалните казни.

„ФИФА целосно ги разбира чувствата и загриженоста од многу фудбалери по трагичните случки во случајот со Џорџ Флојд. Правилата на игра ги одредуваат организаторите на натпреварувањата, но сметаме дека треба да имаат здрав разум и да го разберат контекстот. ФИФА постојано е против расизмот и каква било дискриминација“, се вели во објавата на ФИФА.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет2 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет3 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија3 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија5 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија7 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија7 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија8 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион10 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија11 час

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион12 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет12 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет13 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт13 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа13 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет14 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет1 ден

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет1 ден

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Досие