Спорт
Починал боксерот Патрик Деј
Американскиот боксер Патрик Деј почина четири дена по борбата со сонародникот Чарлс Конвел во Чикаго.
Деј доживеал тешки повреди на главата, поради што бил во кома. Тој бил нокаутиран од десетата рунда. Веднаш по борбата на носилки бил однесен од салата и префрлен во најблиската болница.
Промотерот Лу Дибела потврдил дека Деј починал во средата опкружен со членовите на семејството, блиските пријатели и членовите на својот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рекорд на франшизата, Оклахома се пласира во полуфиналето на НБА купот
Кошаркарскиот тим на Оклахома ги победи Феникс Санс со 138:89, ја забележа 24-та победа во 25-тиот натпревар од сезоната и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот.
Шеј Гилџис-Александер и шампионската група продолжија да ги поместуваат границите – синоќа постигнаа нешто што последен пат го постигнаа Голден Стејт Вориорс во сезоната 2015-2016.
Тие ја започнаа сезоната со резултат од 24-1 и се вториот тим во историјата со оваа серија!
Тандер ја демонстрираа својата сила против Санс, ги декласираа гостите од Аризона со 49 поени разлика и со стил се пласираа во полуфиналето на НБА Купот, на завршниот турнир што се игра во Лас Вегас.
Тимот на Марк Дагнолт ги победува ривалите со просек од 17,4 поени оваа сезона, што е речиси пет поени повеќе од претходната сезона. Тие изгледаат уште посилни, помоќни и подоминантни.
Актуелните шампиони ја забележаа својата 16-та последователна победа, што е нов рекорд на франшизата.
Во новиот триумф, актуелниот MВП Гилџис-Александер беше најефикасен со 28 поени (3/4 за три поени), Чет Холмгрен го следеше со 24 поени, Џејлен Вилијамс додаде 15, Лу Дорт 12 поени…
Спорт
(Видео) Сити по пресврт го победи Реал во Мадрид
Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид-Манчестер Сити, беше централниот настан на шестото коло од најелитното европско натпреварување. Манчестер сити, по пресврт, го победи Реал во Мадрид со 2:1. По овој пораз судбината на Чаби Алонсо на клупата на Реал е неизвесна.
Реал натпреварот го одигра без својот најдобриот играч и стрелец, Килијан Мбапе, кој се повреди во неделата во поразот од Селта.
„Кралскиот клуб“, се обидуваше, дојде до предност со голот на Родриго во 28-та минута. Бразилецот го прекина осум месечниот пост, односно постигна гол по 32 натпревари.
Сити, до крајот на полувремето направи пресврт. Најпрвин О’Рајли изедначи во 35-та минута, а потоа погоди и Халанд од пенал во 43-та минута.
Во вториот дел двата тима имаа некои свои шанси, најдобрата за Реал ја пропушти Ендрик во 85-та минута кога ја погоди гредата.
Сити заслужено дојде до првата победа над Реал во Мадрид, по пауза од пет години. „Гражаните“ истрчаа речиси осум километри повеќе од своите противници, имаа седум удари во рамките на голот, Куртоа имаше шест интервенции, додека Реал упати само еден удар кон Донарума и тој заврши во голот.
Реаултати, 6.коло:
Карабаг – Ајакс 2:4 (1:1)
/Дуран 10′, Силва 47′ – Долберг 39′, Глук 79′, 90′, Гај 83’/
Виљареал – Копенхаген 2:3 (0:1)
/ Комесања 47′, Олувасеји 56′ – Ељунуси 2′, Ачури 48′, Корнелиус 90’/
Атлетик Билбао – Пари Сен Жермен 0:0
Баер Леверкузен – Њукасл 2:2
/Гимараеш 13 аг, Грималдо 88′ – Гордон 51’пен., Мајли 74’/
Бенфика – Наполи 2:0
/Риос 20′, Бареиро 49’/
Борусија Дортмунд – Боде Глимт 2:2
/Брант 18′, 51′ – Алесами 42′, Хауге 75’/
Клуб Бриж – Арсенал 0:3
/ Мадуеке 25′, 47′, Мартинели 56’/
Јувентус – Пафос 2:0
/Мекени 67′, Дејвид 72/’
Спорт
Николас Пепе ги испровоцира Мароканците и жестоко го критикуваше Кристијано Роналдо
Николас Пепе, фудбалер на Виљареал, крна „прашина“ во јавноста, со интервјуто кај еден алжирски инфлуенсер. Големо внимание привлекоа неговите изјави за фудбалската репрезентација на Мароко и Кристијано Роналдо.
„Ние имаме три ѕвезди, а колку имате вие? Две? Мораме да внимаваме на Мароко на Купот на африканските нации. Колку ѕвезди имаат тие? Една? Можда ја освоија 1818 година. Не се сеќавам на таа нивна ѕвезда“, рече Пепе коментирајќи го бројот на освоени титули во африканските шампионати, кои се означени со ѕвезди на дресовите.
Со оваа изјава го навлече гневот на Мароканците. Пепе доби илјадници закани и навреди на социјалните мрежи. Многу од нив беа расистички бидејќи поделбата на Африка на „арапска“ и „црна“ носи со себе повеќе расизам отколку во некои области каде што за проблемот се зборува повеќе.
Мароканците му ветија топло добредојде на Купот на африканските нации, кој го организираат од 21 декември до 18 јануари. Сепак, поради оваа изјава Пепе не доби покана од селекторот за Купот на Африка.
Пепе имаше и некои други контроверзни изјави во тоа интервју. Тој, исто така, ја навлече омразата на фановите на Кристијано Роналдо.
„Роналдо дава многу интервјуа и често го споменува Меси во нив. Тука можете да забележите зошто е број два. Тој замина во Саудиска Арабија за да даде 200 пенали и да достигне 1.000 гола во својата кариера. Дали го знаете цртаниот филм „Змејот Кгула“ и ликовите од него? Вегета е лик кој секогаш е лут и зборува многу, Гоку е оној кој зборува малку, но секогаш е најдобар. Јасно ви е тогаш кој е Вегета, а кој е Гоку.“
Foto/ depositphotos

