Спорт
Починал боксерот Патрик Деј

Американскиот боксер Патрик Деј почина четири дена по борбата со сонародникот Чарлс Конвел во Чикаго.
Деј доживеал тешки повреди на главата, поради што бил во кома. Тој бил нокаутиран од десетата рунда. Веднаш по борбата на носилки бил однесен од салата и префрлен во најблиската болница.
Промотерот Лу Дибела потврдил дека Деј починал во средата опкружен со членовите на семејството, блиските пријатели и членовите на својот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гатузо заминува од Наполи, се сели во Фиренца

Џенаро Гатузо, наредната сезона би можел да ја предводи Фиорентина. Гатузо е тренер на Наполи, но извесно е дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Договоорт на Гатузо со Наполи истекува на 30.јуни.
Гатузо преговарал со Фиорентина, откаде му понудиле двегодишен договор, со моженост истиот да биде продолжен на уште една година. Медиумите во Италија тврдат дека тој, годишно би заработувал два милиони евра.
Џенаро Гатузо, во декември 2019 година го замени на клупата на Наполи, Карло Анчелоти, кој се пресели во Евертон. На крајот од сезоната тој успеа да го освои Купот на Италија.
Тренерската кариера ја започна во Милан во 2017 година.
Спорт
Буфон преговара со Аталанта, сака да брани на СП во Катар

Џиџи Буфон втор пат во кариерата ќе го напушти Јувентус. Легендарниот голман има желба да брани во континуитет, за да може да избори место во репрезентацијата за Светското првенство во 2022 година.
Кариерата која ја започна во Парма, во 1995 година, Буфон ја продолжи во Јувентус во 2001 година. Остана Јувентус и кога клубот беше исфрлен во Серија Б. Сезоната 2018/2019 ја мина во ПСЖ, а потоа се врати во Торино.
Според италијанските медиуми тој бил подготвен повторно да го напушти Јувентус, но овој ат ќе остане во Серија А. Буфон наредната сезона би требало да го облече дресот на Аталанта. Клубот од Бергамо, во летниот преоден рок планира да ги продаде голманите Голини и Спортиело.
Во тој случај Буфон би бил прв голман, а негова замена младиот Карнесечи, кој оваа сезона е позајмен во Кремонезе.
Иако има 43 години, Буфон, оваа сезона покажа дека се уште може да врани на големата сцена. Целта, наредната година, ќе му биде да игра на Светското првенство во Катар.
Во кариерата, Буфон настапил на пет светски првенства, во 2006 година со Италија ја освои титулата.
Спорт
Јокиќ го декласира Хјустон

Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар во НБА лигата. Центарот го предводеше Денвер до победа во Хјустон 128:99. Денвер, по шест години успеаја да победат во Хјустон. Јокиќ, во 56 натпревар сезонава го забележа јубилејниот 50 „дабл-дабл“.
Српскиот репрезентативец, одигра нешто помалку од 30 минути, забележа 29 поени, 16 скокови, седум асистенции и две украдени топки.
Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени: Мајкл Портер јуниор забележа 21 поен и пет скока, Џамајкл Грин (13), Вил Бартон (12). Пи-Џеј Дозиер (11), Пол Милсап (11 поени, 10 скока).
Најлошиот тим во лигата, го предводеше Кели Олиник со 23 поени: Хјустон сезонава имаат само 14 победи и 42 порази.
Денвер со 36 победи и 20 порази се четврти во Западната конференција.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш