Спорт
Почнува пресметката за ракометниот трон – ќе ја сопре ли некој Барселона?
Последниот ракометен викенд во сезоната 2021/22 почнува денеска со полуфиналните мечеви во ЕХФ Лигата на шампионите, по што во недела навечер ќе го добиеме новиот европски шампион. Во борба за тронот се два тима со голема европска репутација и голем број на титули, Барселона и Кил, како и два тима од источна Европа кои бараат афирмација, полскиот Кјелце и унгарскиот Веспрем.
Шоуто во „Ланксес арената“ во Келн го запонуваат Веспрем и Кјелце во 15.15 часот, во реприза од финалето на ЛШ во 2016 година, кога Кјелце се врати од девет гола негатива во второто полувреме за драматична 39:38 победа на пенали. Веспрем се во Келн по седми пат и се борат за четврто финале по поразите во 2015, 2016 и 2019, додека Кјелце игра по петти пат на Ф4 со само едно финале. Двата тима веќе се сретнаа во групната фаза ова сезона – беше 32:29 за Кјелце во Полска и 35:33 за Веспрем во Унгарија.
Во 18 часот на програмата е големата пресметка на последните два европски шампиони, Кил и Барса. Каталонскиот клуб е актуелен шампион и рекордер со 9 титули, додека Кил има 4 трофеи од ЛШ. Кил ќе бидат без повредените Сандер Сагосен и Хендрик Пекелер во Келн, но ќе го имаат Норвежанецот Барте Мирхол, кој ја прекина пензијата за да игра во финалето.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ФАЈНАЛ ФОР
Кјелце – Веспрем 15.15 ч.
Барселона – Кил 18.00 ч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

