Спорт
Почнува тенискиот спектакл на Вимблдон

Макфакс и Топспорт на Вимблдон
Во понеделник во Лондон започнува 134-то издание на најстариот тенискиот турнир Вимблдон, кој важи и за неофицијално светско тениско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.
Оваа година поради пандемијата со Ковид-19, турнирот ќе се одржува во поинакви услови од претходните. Елиминационите мечеви ќе се играат пред 50 проценти исполнети капацитети на стадионите, а само полуфиналата и финалата на Центраниот терен ќе бидат целосно пополнети. Освен за публиката, измени има и за новинарите, така што најголемиот дел од акредитираните известувачи турнирот ќе го следат од дома, со онлај учество на прес конференциите и правења интервјуа и земање изјави од тенисерите. Влезот на публиката на стадионите е дозволен само со покажување на потврда за вакцинираност, негативен ПЦР тест или сертификат дека вирусот бил прележан во последните шест месеци.
Покрај здравствените околности, кои не одат во прилог на организторот, турнирот нема да се одигра во полн играчки капацитет и поради откажување на учеството на повеќе тенисери. Од позвучните имиња кои го откажаа своето присуство се минатогодишната победничка Романката Симона Халеп, како и второрангираната на ВТА листата Јапонката Наоми Осака. Кај мажите тоа сеРафаел Надал, Доминик Тим, Милош Раониќи Давид Гофан.
Според оценките на поранешните тенисери, како Матс Виландер и Џон Мекинро, откажувањата нема многу да влијаат на улогата на главен фаворит во машкиот дел од турнирот, каде се очекува Новак Џоковиќ да ја одбрани титулата од минатиот Вимблдон. Во женска конкуренција ривалствата се многу поизедначени, така што повеќе тенсиерки се гледаат за можни победници на турнирот, пред сѐпрворангираната Ешли Бартикако и Серена Вилијамс, иако не е исклучено повторно да има сензационална победничка од втор план.
Роџер Федерер, кој на Вимбелдон важи за фаворит од сенка, повеќе поради миналиот труд, отколку резултатите во последната година, на воведната прес конференција најави дека сѐ уште не одлучил дали ќе учествува на претстојните Олимписки игри во Токио, веројатно сакајќи потполно да им се посвети на Гренд слем турнирите и трката со Надал и Ѓоковиќ за т.н. ГОАТ.
Радост за домаќинот е враќањето на теренот на Енди Мареј, кој, поради повредите, сѐ уште е во потрага по формата која би можела да му донесебарем пласман во втората седмица од турнирот.
Сепак, таканаречените „млади лавовои“ како Циципас, Медведев, Зверев, Рубљев и Беретини, се главната закана за новиот триумф на Џоковиќ. Гледано според годините,секако дека се далеку помлади од славната тројка, но не се и веќе толку млади и неискусни за да не можат рамноправно да се носат со Новак и Роџер на овој турнир.
Токму во правец на играчкото созревање беше и прашањето на специјалниот известувач на Макфакс и Топспорт од Вимблдон, Ненад Живановски, кој на воведната прес конференција го потсети Стефанос Циципас на претходниот Вимблдон во 2019 година, кога беше елиминиран уште во првата рунда и кога на конференцијата после мечот резигнирано изјавил дека почнувал да се прашува дали повеќе имало смисол да се бави со тенис. Да му кажал некој тогаш дека за две години ќе игра во финалето на Роланд Гарос секако дека не би му поверувал. Прашањето на нашиот новинар беше, како од денешна перспектива гледа на таа своја изјава.
Грчкиот тенисер одговори дека тогаш бил потполно поинаква личност од денес бидејќи немал толкава самодоверба како сега. „Јас ја повратив мојата самодоверба бидејќи немав План Б или План Ц, туку морав да продолжам во животот да го работам она кое единствено го умеам. Сега се чувствувам среќно, а минатите две години беа прекрасно патување, во кое пораснав како личност, созреав и научив како да гледам на поразите и победите. Сега сум среќна личност, независно како ќе се одвиваат работите во наредните две седмици. Благодарен сум што можам да го живеам животот како што го живеам и повеќе немам причини за таква разочараност и трауми“ – одговори Циципас на прашањето на Топспорт (прашњето е на 4 мин. и 39 секунда во видеото).
Вимблдон 2021 се завршува на 11 јули кога се игра финалето во машката конкуренција. Куриозитет е дека тоа финале ќе се игра истиот ден, само неколку часа порано и неколку километри подалеку, од Вембли Стадионот, каде ќе се одржи финалето на Европското првенство во фудбал. Ни претстојат две седмици врвен спорт, во кој по зелената трева ќе отскокнува топката. Без разлика дали е тениска или фудбалка.
Од Вимблдон,Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO