Спорт
Поделен Глазгов; Ренџерс ќе ја пее „Бог да го чува кралот“, а Селтик нема да одржи минута молк
Навивачите на Глазгов Ренџерс ќе ја пеат британската химна God Save the King пред мечот со Наполи во Лигата на шампионите, а нивниот градски лут ривал, Глазгов Селтик, нема да одржи минута молк пред нивното гостување кај Шахтјор Донецк уште еднаш потврдувајќи ја длабоката поделеност на двата гиганта од шкотската метропола.
Ренџерс, заедно со Челси, побарал од УЕФА да дозволи свирење на химната пред домашните мечеви, но европската федерација го одби ова по што навивачките групи на Реџерс потврдија дека ќе ја пеат химната и ќе имаат голема кореографија во чест на кралицата. За Ренџерс во историјата играа само протестанти и клубот се поврзува со лојалноста кон британската круна.
Од друга страна, Селтик и Шахтјор нема да одржат минута молк пред мечот во Варшава. Украинските шампиони побараа да се прикаже антивоена порака на стадионот на полската армија и УЕФА го дозволи тоа. Селтик, за разлика од Ренџерс, се поврзува со Ирците и со припадниците на католичката вера во Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија против Лех или Самсунспор во плејофот
Македонскиот шампион Шкендија, успеа да избори пласман во нокаут фазата, во Конференциската лига. Во Ларнака, синоќа, Шкендија загуби од АЕК (1:0), но поради гол разликата, успеа да го освои 22-то место.
Шкендија стана првиот тим од Македонија што успеал да влезе во нокаут фазата на едно европско натпреварување. Во плејофот противник на Шкендија ќе биде Лех познањ (полска) или Самсунспор (Турција). Натпреварите се на програмата на 19 и 26 февруари наредната година. Познато е дека Шкендија ќе биде домаќин во првиот натпревар.

Историскиот пласман во нокаут фазата на клубот му донесе заработка од 6.000.000 евра. Пласманот во главната фаза и резултатите остварени во шесте натпревари на клубот му донесоа 5.800.000 евра, а дополнителни 200.000 евра клубот заработи со пласманот во плејофот.
Foto/ EPA
Спорт
Ленгле ќе паузира два месеци
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, нема да игра два месеци поради повреда, објавува „Марка“.
Ленгле се повреди во средата, на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес (3:2), кога го напушти натпреварот по 10 минути.
Клубот од Мадрид не објави колку долго Ленгле ќе биде отсутен од теренот.
„Ленгле претрпе тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент без придружни повреди, што беше дијагностицирано од медицинскиот персонал на клубот по тестовите извршени врз дефанзивецот, кој беше подложен на магнетна резонанца и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошен развој на ситуацијата“, се наведува на веб-страницата на Атлетико.
Францускиот фудбалер одигра 12 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона.
Атлетико е на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 34 бода, а во недела ќе гостува во Џирона во 17-то коло.
Спорт
Навивач на ПАО го удрил сопственикот на Хапоел
Панатинаикос, во дерито во Атина, синоќа го победи го победи Хапоел Тел Авив со 93:82, но натпреварот го засени инцидентот што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
На полувремето, навивач на ПАО го удри, а потоа упати вербални закани до сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанај, кој се најде во многу непријатна ситуација.
Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, и доживотно му забрани на неименуваниот навивач да присуствува на натпревари.
Како што беше објавено, на навивачот му бил конфискуван сезонскиот билет и доживотно му е забранет влез во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.
Во многу возбудлив натпревар во Атина, видовме неколку серии и пресврти, но на крајот ПАО го зададе последниот удар на почетокот на четвртат четвртина, по што Хапоел немаше сили да се врати уште еднаш во натпреварот.
Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 19 поени, Чеди Осман помогна со 17, додека Јуцевен заврши со 11.
Во тимот на Хапоел се истакна Енис со 16 поени, Блекни и Брајант постигнаа по 14.

